Голем интерес за легализација на дивоградбите во Карпош
Објавено во: Македонија 25 Декември, 2012
Во Општина Карпош во текот на вчерашниот ден биле издадени 19 предмети за утврдување на статусот на бесправно изградените објекти. Од нив, издадени се 15 урбанистички согласности со пресметки и четири решенија за легализација на објектите, соопштуваат од општината.
Оттаму велат и дека вчера исто така се донесени 30 заклучоци за прекинување на постапката, до утврдување на правниот статус на објектите, поврзани со предмети за легализација.Во текот на вчерашниот ден, од страна на граѓаните до архивата на Општина Карпош биле доставени уште 43 предмети и поднесоци од страна на граѓаните, во кои главно доминираат барањата за легализација.