Голем интерес за школување во странство, 72% од младите размислуваат за заминување
Објавено во: Економија 11 Јануари, 2013 12:12
Голем е интересот кај учениците и студентите за школување надвор, покажуваат заклучоците од анкетата на Институтот за политички Истражувања.
За продолжување на образованието на некој од европските или светски универзитети размислуваат 72,2 отсто, додека тоа сигурно би го сториле 85,5 проценти ако добијат стипендија.
Со конкурсот на МОН за доделување стипендии за додипломски/последипломски студии во странство за академската 2012/2013 година не се запознаени 69,7 отсто, а за доделување на стипендии во странство за академската 2013/2014 планираат да аплицираат 36,1 процент.Само 15,1 отсто знаат како да конкурираат на универзитетите во странство за додипломски или постдипломски студии, додека 32,3 проценти се делумно запознаени. Притоа, на 62,2 отсто од испитаните им треба помош при аплицирањето за школување надвор.
На прашањето „Дали сметаат дека доделувањето на стипендиите за студирање во странство од страна на МОН ќе биде/е објективно“, потврдно одговориле 30,1 отсто,додека 33,3 проценти сметаат дека е делумно праведно, а 13,3 отсто дека е необјективно.
Поголем процент, 68,5, се уверени дека перспективата им е во надградување и усовршување на образованието.
Анализата на Институтот за политички истражувања опфати студенти и ученици во нивните две последни години од средното образование или додипломските студии. Анкетата беше спроведена во повеќе средни училишта и факултети,од 25 ноември до 6 декември 2012 година на вкупно 1004 испитаници.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





