23 Ноември, 2024
0.0386

Голем месечен хороскоп Декември 2018 - Проблематичен месец за Стрелците, дополнителни приходи за лавовите

Објавено во: Општо 19 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

РАК (21 ЈУНИ – 20 ЈУЛИ)

Декември ќе биде време кога ќе го добиете многу потребното појаснување во врска со една афера со личност во знакот на Бик, Девица или Јарец. Постои можност за ново познанство, кое ќе предизвика преиспитување на една стара, веќе скршена љубовна врска. Ќе добиете предлог, покана за семејни собирања и прослави и ќе треба да направи избор: каде, кога и со кого да одите.

Може да ве изненадат вести во врска со веридба или свадба на посебен ден/важен празник. Причина за радост може да биде некој настан или активност во ваша корист од машко лице во знакот на Риби, Шкорпија или Рак. Повеќето мажи-Рак постари од 35 години ќе ја завршат 2018 година со добри спомени од минатите месеци, задоволство од постигнатиот успех и друго.

Ќе има важно собирање, а причината ќе бидат ваши блиски роднини/пријатели од машки пол.

Декември нема да биде најдобро време за работа за младите Ракови од машки пол, или ќе треба да работите за време на празникот, во непријатно време за вас. Невообичаена или непредвидена ситуација може да се случи која ќе наложи промена во вашиот работен распоред. Домашен конфликт или проблем поврзан со имот може да ги наелектризира работите за жените на крајот на годината. Во повеќето случаи тоа ќе се должи на грешка, злоба, неисполнета обврска/ветување од женско лице. Жените- Рак ќе треба да обрнат внимание на подароците и на оние на кои тие им се наменети. Една мала грешка може ненамерно да создаде непријатна ситуација. Во текот на декември ќе имате добар приход. Добивка во кеш ќе биде она што го очекувате, но ќе има и дополнителна можност за прилив во семејниот буџет.

ЛАВ (21 ЈУЛИ – 21 АВГУСТ)

Овој месец ќе одите на важен состанок, настан кој ќе ве исполни со енергија до моментот на реализација, спроведување. Можно е да посетите болен роднина, пријател, колега или, пак, вие ќе отидете на лекар/стоматолог. Проблеми може да настанат во врска со роднина или пријател во знакот на Риби, Рак или Шкорпија. Добро е да се знае дека проблеми ќе се појават во декември, но дека ќе се најде нивно решение најверојатно во истиот месец. Ќе ја имате поддршката на вашата интуиција која ќе ве води кон точни постапки и одлуки. Ќе имате и поддршка од лица родени во знакот на Водолија, Близнаци, Вага. Успех ви престои којшто ќе ве ослободи од товарот на старите проблеми или од непријатностите во вашата врска. Во декември може да добиете пари од женско лице.

Жените-Лав до 35 години може да уживаат во неочекувани пари, екстра приход, добивање важен кредит или враќање на заем и друго. Можни се трошоци поврзани со важни настани во рамките на семејството поврзани со девојка или млада жена: роденден, именден, веридба, свадба, принова, итн. Декември може да предизвика разни непријатни или неочекувани промени поврзани со патување или со вести за луѓе кои живеат далеку од вас. Може да добиете порака или информација која ќе стави крај на вашите очекувања, некој план, желба поврзана со патување. Ако сепак одите на патување, внимавајте; бидете свесни за патот и временските услови. Избегнувајте да се натоварите со лични проблеми на жена родена во знакот на Јарец, Девица или Бик. Ќе имате соништа поврзани со почината жена, што ќе ве тиштат во време кое е тешко за вас од емоционален аспект. Жените над 35 годишна возраст треба да бидат повнимателни со новите лични и професионални контакти. Не давајте ја вашата доверба избрзано! Вести може да дојдат од далеку од машко лице кое неодамна доживеало лична драма, професионална или финансиска загуба, итн.

ДЕВИЦА (22 АВГУСТ – 22 СЕПТЕМВРИ)

Ова ќе биде месец во кој ќе трошите многу пари за деца, внуци, семејство, добротворна организација или да му помогнете некому кој ви е важен. Можеби ќе има заеднички активности од финансиска природа коишто ќе вклучат деца или други роднини. Во декември, многумина ќе бидат во можност да се радуваат поради добивка. Нешто што сте изгубиле во текот на оваа година, сега ќе имате можност повторно да го стекнете со ново купување. Чувајте ги вашите подароци од љубопитни очи за да избегнете непријатни изненадувања и конфузни ситуации. Очекувајте многу важен настан во врска со момче или млад човек во знакот на Лав, Стрелец или Овен. Лоша вест може да пристигне во врска со инцидент со машко лице; овој развој ќе го следите многу внимателно и одблиску.

Неочекувани нови љубовни состаноци и контакти може да се развијат околу празниците. Нови можни соседи или нови луѓе ќе пристигнат во семејството на вашите соседи. За време на празникот ќе имате различни изненадувања од пријателите – далечни и блиски. Ќе размислувате како да пристапите кон непријатен разговор, којшто ќе треба да се направи овој месец. Меѓутоа, настаните ќе имаат свој развој и ситуацијата ќе се развива така што овој разговор можеби и ќе се покаже излишен. Ако некој ви пристапи остро и агресивно во некој разговор, не брзајте реципрочно да возвратите. Дајте си време да размислите што тој/таа рекол, бидејќи во овие зборови се крие важна вистина или информација за вас. Дополнителни примања од работа/бизнис може да се појават. Може да има промена или предлог за промена во вашата работа, што може да започне во почетокот на 2019 година. Ќе имате можност за дополнителна/хонорарна работа овој месец.



Претходна страна  Следна страна

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.