24 Ноември, 2024
0.0270

Голем месечен хороскоп Декември 2018 - Проблематичен месец за Стрелците, дополнителни приходи за лавовите

Објавено во: Општо 19 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

ВАГА (23 СЕПТЕМВРИ – 22 ОКТОМВРИ)

Финансиските очекувања на жените-Вага ќе бидат исполнети, а за жените постари од 35 години дури може да има и пријатно изненадување. Може да добиете пари од вашето семејство и од жена/жени со кои имате пријателски односи. Сè на сè, за Вагите е можно да си го добијат назад заемот, да добијат премија или бонус, или некоја добро платена дополнителна обврска. Лоша вест може да дојде од не така оддалечено место поврзана со личност во знакот на Близнаци, Водолија или Вага. Можни несогласувања или недоразбирања од финансиска природата може да се развијат со лице родено во еден од овие три хороскопски знаци.

Вести се можни во врска со идно породилно отсуство или раѓање на принова. Тие може да вклучат покана за средба или посета поврзана со дете. Може да добиете покана за лична прослава, како роденден или именден, поврзана со дете/момче. Во декември, можеби ќе треба да се вклучите во изготвување или обновување на документ поврзан со дете/внуче. За младите претставници од хороскопската Вага кои имаат партнер Овен, Лав или Стрелец ќе се појави неочекуван спор, конфликт или слична ситуација во врска со спротивставени карактери или надворешна интервенција од страна на друго лице. Сè на сè, сепак, декември ќе биде месец на романтични средби, забава и авантура. Љубовта ќе најде начин да создаде за вас позитивни емоции и незаборавни искуства. Ако сте осамени, сега е време да побарате нов почеток во животот. Може да имате проблеми поврзани со странци додека патувате. Можни проблеми може да се појават со луѓе кои живеат далеку од вас, а се родени во знакот на Бик, Девица или Јарец.

ШКОРПИЈА (23 ОКТОМВРИ – 22 НОЕМВРИ)

Декември може да биде добар и продуктивен работен месец, со можности за различни достигнувања, развој на нови трансакции, подобри договори или нова активност. Шанса за нова работа, благодарение на веќе воспоставените контакти и пријателски односи. Мажите над 35 години ќе треба да донесат важна одлука во однос на домот и имотот. Тоа може да вклучува можни контакти со владата, банки, или други институции во врска со проблемот со домот или друг вид на имот. Тука, сепак, мора да се појасни дека ако ваков проблем или ситуација се однесува на луѓе кои се ваши роднини, тогаш ќе мора да бидете повнимателни за деталите, договорите, а не да се потпирате само на ветувања. Постои веројатност за незгода/штета за домот, којашто некој ќе се обиде да ја прикрие.

Можно е да бидете повредени од дејствијата на некои луѓе и тие може да ве исфрустрираат со нивните обиди да ве искористат, неправедно или прикриено да манипулираат со вас или со вашите најблиски. Таквите моменти дефинитивно ќе ве изненадат и ќе направат да се чувствувате непријатно. Неочекувана кражба или загуба може да се случи поради невнимание или недостаток на контрола. Иако во декември не е веројатно дека ќе постигнете некој значаен прогрес во вашиот личен и професионален живот, тоа ќе биде важен месец за вашиот иден успех. Не треба да трошите без мерка во текот на новогодишните празници, туку треба да се даде приоритет само на празничните моменти. Одлагање или одложување сега е сè уште прифатливо, дури и кога се работи за пари. Било каков конфликт ќе создаде низа други проблеми и непријатни ситуации, па дозволете да помине извесно време за работите да се случат во вистинскиот момент. Бидете претпазливи кога изготвувате договор, преговарате и потпишувате документи од финансиска природа кои се однесуваат на пари коишто веројатно ќе бидат на позитивната страна за вас овој месец.

СТРЕЛЕЦ (23 НОЕМВРИ – 21 ДЕКЕМВРИ)

Во текот на овој месец ќе составувате, потпишете или стопирате важни документи од финансиска природа, можеби некој договор или банкарски кредит. Ова ќе биде неповолен месец за судски постапки од финансиски карактер. Наскоро ќе доживеете тага и разочараност во врска со дете/внуче поради неспособноста да се реализираат вашите очекувања и ветувања или поради тоа што можеби ќе останете повеќе посветени на празниците и другите луѓе. Може да очекувате дејствија или одлуки од машко лице кои драстично ќе влијаат врз вашата судбина овој месец и следната година. Може да има некој важен настан или промена во животот на мажите над 35 години, коишто ќе влијаат на некој начин врз семејството или ќе бидат поврзани со куќата во која тие живеат.

Интересно и веројатно долго планирано патување може да се очекува за девојките и младите жени- Стрелци. Други, пак, може да се очекуваат гости, најчесто за време на празниците, и ќе има посебни емоции во врска со жена родени во знакот на Риби, Рак или Шкорпија. За жал, овој месец ќе ги вклучи и вашите домашни проблеми. Постои можност за проблемите со машини и опрема на вашето работно место, во вашиот бизнис. Кога ќе одите во шопинг, проверете сè што можете и не заборавајте да се распрашате за производителот, квалитетот и гаранцијата. Може да очекувате настан од семејна природа, како веридба, свадба, роденден, годишнина, именден и многу повеќе. Оваа година сè ќе биде поинаку, дури и веселбите коишто ќе ги имате ќе бидат поразлични, необични.


Претходна страна  Следна страна

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.