23 Ноември, 2024
0.0273

ГОЛЕМ месечен хороскоп за ЈУЛИ 2017 година - Јарците да внимаваат, биковите ги очекува многу работа...

Објавено во: Општо 14 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Овен
Блиските аспекти на Марс, вашиот владетел со Јупитер носат многу можности но малку реализација. Ситуацијата се поправа од први јули кога вашиот владетел Марс ќе почне да се движи директно. Сепак, без обѕир на различните фази на воздигнувања или падови во текот на овој период, ќе бидете задоволни со својот биланс на работното место и почитта што ја уживате во кругот на соработниците, а за резултатите да бидат подобри, ќе морате со полна пареа да се посветите на работата во првата половина на јули. Успешната формула треба да се повторува како гаранција за успех на работното место или за парична добивка. Вашите надредени се подготвени да го наградат вашиот труд или заложби на различни начини. Во периодот од 6-ти јули, за време на тригонот на Марс со Венера ве очекуваат нови успеси во решавањето на паричните и статусните прашања. Со влезот на Венера во знакот Лав на 12-ти јули, подготвени сте да прифатите работни места што бараат голем напор и оптоварување но носат добра заработка. Под поволниот аспект на Марс и Сатурн во хармоничните знаци Лав и Стрелец, следува склопување на нови поволни договори.
Здравје – Јупитер во вашето поле на болест спречува појава на проблеми, а ве придвижува во правец на превенција и носи оптимизам. Не одете преку вашите физички можности. Чувствителност на грлото и синусите до 13-ти јули. Можни се помали проблеми со ’рбетот во текот на целиот период.

Бик
Амбициозни сте, сакате да оставите добар впечаток на бизнис партнерите, но суштински оддавате впечаток како само парите да ве интересираат. „Разгорената“ Венера, со која почнува овој перод не ви оди од рака. Кога владетелот на знакот е „разгорен“ настаните бараат истенчена вештина за прилагодување, препознавање на намерите на соговорниците и мудри постапки. Знаете вешто да ги користите вашите способности и различните работни формули што ви носат успешни резултати, па да ги примените во периодото до 30-ти јуни, кога Меркур со влезот во вашето поле на комуникација отвара нови можности. Имате добри појдовни претпоставки, особено кога се решаваат важни работно-финансиски интереси, но ви недостасува трпение. Важно е да направите добра проценка и избор во текот на наведениот период. Младата месечина од 4-ти јули ги нагласува сите настани врзани за бизнис сферата, до таа мерка што дури е можна и промена на работното место. Во периодот од 13-ти јули, можете да ги остварите приоритетните цели и да подмирите некои финансиски долгови.
Здравје – Апсектите на Венера, што управува со вашето поле на болести со Сатурн во осмото поле ве опоменуваат на неопходноста од превенција како основа на доброто здравје. Детоксикацијата или некои алтернативни методи особоено поволно делуваат по конјукцијата на Месечината со Сатурн на 15-ти јули.

Близнаци
Сакате да ја подобрите вашата положба и материјалниот статус. Имате прекрасна визија и доволно енергија така што новите случувања на работното место не сакате да ги препуштите на случајот, но со целиот ваш труд Меркур во вашиот знак го претставува и двоумењето и неопределеноста. До 30-ти јуни, додека не влезе во знакот Рак ќе трпи притисок од опозицијата со Сатурн и неможе да ги исполни сите негови добри особеносто до крај. Важно е на работите да им приоѓате селективно и да не се обидувате се да решавате одеднаш, за да ја сочувате контролата нас ситуацијата. Преиспитајте ги новите бизнис прилики и проценете колку се реални, вредни или исплатливи. Во текот на овој период се стекнуваат услови за подобрување на финансиската состојба во согласност со поволното влијание на Венера на полето на парите. Ако се занимавате со едукација или комуникации, ќе бидете во можност да напредувате. Исто така, периодот е поволен за сите оние што се занимаваат со недвижности. Можно решавање на станбеното прашање.
Здравје – До крајот на јуни ретроградниот, потоа директен бавен Марс во вашето поле на болестите може да донесе разни видови инфекции, воспаленија и слични проблеми, во текот на целиот период. На најмалиот знак за проблем неопходно е да се обратите кај лекар.


Следна страна

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.