24 Ноември, 2024
0.0340

ГОЛЕМ месечен хороскоп за ЈУЛИ 2017 година - Јарците да внимаваат, биковите ги очекува многу работа...

Објавено во: Општо 14 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Рак
Имате доволно енергија и сериозна намера да го подобрите вашиот работен, материјален или вкупен статус, но периодот што е пред вас е обележен со фазата на полната Месечина на самиот почеток. Иако аспектот не е опасен претставува еден вид конфронтација и неразбирање со околината. Венера во првото поле ви носи хеоднистички идеи, па еланот за работа лесно спласнува по размислувањата за релаксација и одмор. Потребно е јасно да ги дефинирате вашите бизнис цели во договорот со доверливите соработници или со стручниот совет. Дури од 6-ти јули кога Месечината со влезот во знакот Лав ќе направи тригон со Сатурн почнувате да се будите и да сумирате што сте пропуштиле. Меѓутоа и тој скок на бизнис интересите е краток и дури кога Венера на 12-ти јули ќе прејде во вашето поле на пари ќе почнете сериозно да мислите за вашите работни обврски. Потоа и Меркур влегува во полето на парите, што значи дека следат ситни но бројни финансиски „аранжмани“. Ситуацијата значајно ќе се подобри на почетокот на втората половина на јули.
Здравје – Можно е создавање на камен во жолчката. Нагласена е чувствителноста на внатрешните органи. Сатурн во полето на болестите укажува на потребата да се следат и хроничните пореметувања но и да се зголеми дозата витамини. Променете го начинот на исхрана и внесувајте доволно течности.

Лав
Мошне сте креативни, имате прекрасни идеи и прилика да ги докажете вашите професионални способности во друштвото на соработниците. Освен тоа, планетите ви се наклонети па од 12-ти јули правете планови, а од наведениот датум почнете да ги реализирате. Слободно растргнете се на повеќе страни, затоа што во наведениот период Венера, а потоа и Меркур со влегувањето во вашиот знак потенцираат голем број прилики, идеи и договори и се останато што ќе го направи вашиот работен живот побогат и подобар. Условите во кои што се наоѓате делуваат променливо, но тоа нема да ве оневозможи да остварите позитивни резултати. Прашањето за работната организација и довербата во одредени соработници ќе бара од вас добро да размислите пред да се одлучите на конкретните одговори или за крајниот избор. Немојте да дозволувате да ве вознемируваат некои споредни настани, да се концентрирате на вашите цели и активно да ги следите новите настани. Покажете добра волја и подготвеност на различни промени и на усовршување.
Здравје – Исцрпени сте и потребен ви е одмор. Проблемите со несоница дополнително ја отежнуваат ситуацијата. Престанете да мислите за случувањата од минатото, затоа што тоа дополнително ви го крева нивото на стрес. Водете сметка за апетитот и реалните потреби на организмот за да не нафрлите непотребно некој килограм вишок.

Девица
Повремените пропусти што ве следат за време на престојот на вашиот владетел Меркур во Близнаци и во вашето поле на кариерата и опозицијата со Сатурн до 30-ти јуни се знак за лоша концентрација или недостиг н а време, со недостаток на внимание. Способноста за добро запазување и вештината за брзото прилагодување во новите услови е секогаш вашиот главен адут во однос на бизнис конкуренцијата, но сега неможете да се потпрете на тоа па затоа бидете повнимателни. Неопходно е да се прилагодите на новите услови за работа и да оставите добар впечаток кај соработниците. Со поприкладен настап и темелен пристап, можно е да ја искористите позицијата на Јупитер во првото поле и на некој начин да профитирате од вашите идеи и способности. Меѓутоа, со оваа позиција на Јупитер мора да бидете повнимателни затоа што тој секогаш укажува на недостаток на чувства за детали, а со наведените аспекти на Меркур може да имате некои посериозни превиди во однос во процената. Искористете го периодот на Младата Месечина во вашето поле на плановите од 5-ти јули за нови акции. Добрите резултати се загарантирани.
Здравје – Можни се проблеми со исхраната како и тенденција за зголемување на тежината, како што тоа е на некој начин природно за секој знак каде што ќе се најде Јупитер. Мрснотии во крвта, затнување на крвните садови, шеќер и се слично што не е набројано може да се јави како последица. Мислете на ова.


Претходна страна  Следна страна

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.