24 Ноември, 2024
0.0250

ГОЛЕМ месечен хороскоп за ЈУЛИ 2017 година - Јарците да внимаваат, биковите ги очекува многу работа...

Објавено во: Општо 14 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber


Вага
Понекогаш не е леснод а се препознае најдоброто решение, особено кога се наоѓате во месецот што го активира полето на кариерата со транзитот на Сонцето. Ви претстои активна улога во работниот живот и низа добри прилики, а се во согласност со аспектите во наведеното поле. Освен Сонцето до 30-ти јуни тука е Венера, вашиот владетел, што ги засилува сите можности, па и најмалите шанси се чинат реални. Настаните се на ваша страна, дури и кога тоа не изгледа така. Од 30-ти јуни се придружува и Меркур и ја нагласува комуникацијата и комбинацијата врзана за работата. Од тој миг морате да бидете максимално флексибилни и да внимавате на деталите. Без разлика на тоа колку сте сигурни во себе со или во вашите способности да преокупирате нечиј свет, пред да се впуштите во нова работно – финансиска трансакција. Во периодот од 3-ти до 6-ти јули избегнете го донесувањето одлуки и потпишувањето важни документи за работа, затоа што е можно да прифатите нешто што е невозможно адекватно да го завршите. Со преминувањето на Венера во знакот на Лав доаѓа до нови договори врзани за работниот живот. Од 1-ви јули треба да бидете поотворени за новитети.
Здравје – Јупитер кој владее со полето на болестите се наоѓа во 12-тото поле што меѓу останатото означува и престој во болница. Затоа водете сметска за сите симптоми и не занемарувајте ништо затоа што на дело може да се покажат рани симптоми на проблемите.

Скорпија
Ретроградниот Марс, владетелот на знакот веќе некое време врши притисок и бара да се редфинираат голем број на односи меѓу кои и оние на работен план. Сепак не менувајте ништо додека не почне да се движи директно од 1-ви јули. Ни по самото свртување не би требало да ги форсирате нештата туку да дозволите самите настани да се наместат па дури потоа да повлекувате потези. Важно е околу вас да имате група соработници на кои можете да им верувате, затоа што комбинацијата од различните стратегии носи позитивни резултати, посебно кога сте под вакви аспекти. Во финансиска смисла, и покрај ваквата состојба на владејачката планета ќе бидете во позиција да ја зголемите вашата заработка и успешно да решите некои имотни или инвестициски прашања. Во периодот до 12-ти јули со влегувањето на Венера во вашето поле на кариерата и со отпочнување на тригонот со Сатурн во полето на парите, ситуацијата значително ќе се подобри. Од 13-ти јули со влегувањето на Меркур настаните ќе се умножат и ќе се стекнат услови за постигнување договори.
Здравје – Поради позициите и состојбата на Марс, вклучете лесна физичка активност во секојдневната рутина и зајакнете ја дозата витамини, без разлика дали преку внесување повеќе овошје и зеленчук или пак во вид на таблети.

Стрелец
Сатурн во вашиот знак веќе подолго време ги забавува сите реакции и одложува голем број решенија на ситуацијата. За тоа посебно придонесува неговото ретроградно движење што укажува дека постојано се враќате на некои стари нешта, се обидувате да ги исправите, но пак ги правите истите грешки. Преиспитајте го вашето однесување, засилете го вниманието и концентрацијата, а ако и понатаму ништо не се промени на подобро, побарајте помош од некого во кого имате доверба. Избегнувајте ривалство со една повозрасна личност, особено ако ви е надредена. Во полето на кариерата е Јупитер, владетелот на знакот, но со Сатурн кој се наоѓа во вашиот знак прави нехармоничен аспект што укажува на деструктивен однос. На патот до успехот очекувајте препреки. Ќе бидете забавени, па за она што до неодамна го решававте за една минута ќе ви бидат потребни неколку дена. До 13-јули можни се и финансиски проблеми, односно недостаток на пари. Затоа воведете рестрикции на време. По овој период, Венера влегува во полето што означува странство, а работите со некоја странска компанија ќе ви обезбедат подобри приходи.
Здравје – Можни се главоболки како нормална појава под ваквите аспекти на Сатурн, потоа болки во вратот и во сите зглобови. Во случај на хронични болести прилагодете ја терапијата.


Претходна страна  Следна страна

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.