ГОЛЕМ МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП ЗА НОЕМВРИ: Проблеми за рибите, многу пари за девиците!
Објавено во: Општо 18 Октомври, 2017
ОВЕН
Ноември ќе отвори некои прашања кои се однесуваат на животните цели, општествениот и работниот статус и односот кон себе. Превземењето на одговорноста и донесувањето на одлуките ќе ви донесе слобода.
Ви станува јасно дека е дојдено време за промени. На тоа ќе ве потсетува чувството во вашиот стомак, радоста која ве обзема додека размислувате за она што го сакате. Ги броиме последните денови од движењето на Сатурн во знакот на Скорпија, а вие би требало да го искористите ваквиот транзит за остварување на вашите желби и соништа, како работните и образовните, така и оние што се поврзани со странство или љубов. Ако зборуваме за љубовта, имајте во предвид дека во ноември планетите ќе ве поттикнуваат и штитат. Ако сте во врска, другата страна ќе биде изненадена од вашиот отпор во одредени моменти, или иницијативата во други. Посилно ќе реагирате на монотонијата и досадата, на кои понекогаш ќе реагирате инстинктивно, настојувајќи да внесете освежување во односот.
Од здравствена гледна точка, вашиот урогенитален тракт ќе биде осетлив, а во првите денови од месецот – бубрезите, штитната жлезда и грлото. Размислете за тоа кои модели стојат зад вашите хронични тегоби. Ќе бидете изненадени од она што ќе го увидите.
БИК
Односите и поврзаноста со другите ќе бидат вашето огледало. Имате можност да научите повеќе работи за себе, да дознаете што мислат вашите блиски за вас, а браковите и врските ќе проаѓаат низ многу важни промени. Нагласокот на седмото поле од вашата карта повеќе ве изложува на погледите на љубопитните луѓе. Некои односи ќе поминуваат низ криза, други ќе се зацврстат. Доаѓа до промени кои не можете секогаш да ги контролирате, но затоа можете да добиете појасни увиди за тоа што ви е важно во блиските односи, ама и кои ситуации не можете да ги поднесете и зошто. Самците ќе добијат повеќе прилики да го тестираат својот шарм и привлечност, да запознаат некоја личност која ќе им се допадне и со која ќе го поминуваат слободното време. Можеби другата страна нема да се вклопува во вашата визија за идеален партнер, но ако и дадете шанса, би можела да ви покаже дека не е секогаш препорачливо да имате цврсти принципи и да можете да доживеете некои нови искуства и во околностите кои отстапуваат од вашите ставови.
Здравствената ситуација ќе биде добра. Имате внатрешна сила, отпорни сте на вирусите и бактериите, но она што понекогаш ќе ви недостасува е внатрешниот мир и спокојство. Иако од надвор ќе изгледате прибрано, во вас ќе вриете од немир, интензивни емоции, а како резултат на тоа помалку ќе спиете.
БЛИЗНАЦИ
Во текот на претстојниот период работата ќе има најважна улога. Љубовта за некое време ќе остане настрана, а нови настани во однос на тоа прашање се очекуваат после 16 во месецот. Се наоѓате во момент кога не можете повеќе да бегате, да се криете и да одложувате. Време е да се соочите со сенките на минатото, да го промените тоа што не ви е по волја и ве држи заглавени во една точка. Па, ако се наоѓате во љубовен триаголник или ако личноста која ви се допаѓа не може да ви го пружи она што вие го барате од неа, ќе дојдете до заклучок дека е време да продолжите понатаму. Ако се двоумите и ако ги оставате работите да бидат такви какви што се, и покрај незадоволството, многу е веројатно некои непријатни случувања да ве присилат на тоа. Енергијата на планетите укажува на тежнеење кон совршенство, а потрагата за личност која би можела да одговори на вашата слика во умот, би можела да биде тешко остварлив идеал. Подгответе се на промени во последната недела од месецот.
Кога е во прашање здравјето и формата, ноември е необично важен месец. Ако планирате да престанете со пушење, да ги намалите килограмите или да спроведете некој сличен режим, немојте да се двоумите и направете го тоа. Ќе забележите дека со секој изминат ден се чувствувате се подобро, имате повеќе енергија и не се заморувате многу брзо. Проблемите со ‘рбетот лесно можете да ги решите со помош на пилатес или јога. На тој начин ќе го отпуштите стресот и ќе ја подигнете енергијата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.