24 Ноември, 2024
0.0774

ГОЛЕМ МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП ЗА НОЕМВРИ: Проблеми за рибите, многу пари за девиците!

Објавено во: Општо 18 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

РАК

Ноември е впечатлив месец, затоа што планетите ќе ја активираат вашата креативност и инспиративност, како и потребата за љубов и чувството на вљубеност, а случувањата ќе ве водат кон непознатото. Месецот што е пред вас е период за љубов, напредок и личен раст.

Иако Марс и Плутон ќе бидат предизвикувачки поставени кон вашиот знак, нема по неопходност да ви создаваат проблеми во односите, туку напротив, тие ќе ве повикуваат на акција, подготвеност да превземате ризици и да се впуштате во нови искуства. Имајќи во предвид дека сте познати по тоа што сте емоционално затворени кон сето она што е ново и неистражено, а со тоа се лишувате од доживувањата кои ви овозможуваат да земете повеќе од животот. Тоа не мора по неопходност да значи нова врска или партнер, можеби се однесува на некоја промена во вас. Можеби треба да покажете колку сте храбри, директни, па дури и провокативни, кога треба да се распламтат страстите во односот. Имате можност да кажете што ви пречи во однесувањето на саканата личност и да ги промените работите на подобро.

Од 11 до 14 во месецот, напнатите аспекти меѓу Марс, Уран и Плутон, најавуваат доста умор, нервоза и исцрпеност. Во текот на тие денови потрудете се повеќе да размислувате за својата добросостојба и откажете се од некои планови кои претставуваат преголем залак.

ЛАВ

Ноември е еден од месеците во годината кога работите не се развиваат онака како што сте ги замислиле. Тешко ќе ги избегнувате конфликтите, а како резултат на Сонцето во Скорпија енергијата ќе биде во пад. Ќе биде потребно да го побарате изгубениот мир. Вие кои сте познати по својата самоувереност, кои секогаш одите со високо подигната глава и смело го барате тоа што го сакате, сега ќе наидувате на отпор од страна на блиските, лесно ќе се сопнувате на препреките кои нема да ги гледате и имате послаба волја. Се работи само период на привремена нестабилност, во кој би можеле да го изгубите интересот за партнерот или да се соочувате со неговото незадоволство, или пак можеби со своите дилеми кога е во прашање иднината на односот. Ќе забележите дека ништо не е така како што изгледаше до вчера. Положбата на Венера во Скорпија во првата половина од месецот, укажува на недоверба, несигурност, па дури и љубомора и посесивност.

Формата и енергијата ќе бидат во пад, а тоа значи дека почесто ќе се чувствувате уморно. Слаби точки на вашиот организам ќе бидат зглобовите и коските. Би требало да пиете повеќе чаеви и да ги избегнувате напорните физички активности. Оние што имаат послаб имунитет, како резултат на некоја фебрилна состојба, би можеле неколку дена да отсуствуваат од работа или училиште. Кон крајот на месецот се враќа доброто расположение. Повторно ќе се чувствувате добро во својата кожа и ќе бидете подготвени за нови авантури и потфати.

ДЕВИЦА

Пред вас е деловен месец. Мноштвото информации, разговори и средби ќе ги менуваат вашите планови. Убаво би било да се препуштите на текот на животот, затоа што планското делување ќе биде оневозможено. Ќе бидете условени од многу надворешни фактори.

Во вашиот љубовен светоглед ќе бидат вткаени нијанси на идеализам. Многу ќе размислувате и фантазирате, а причината за тоа би можело да биде некоја тајна платонска љубов. Интензитетот на емоциите ќе ви ја одзема способноста за рационално пристапување кон стварноста на животот. Понекогаш ќе го гледате она што го сакате, а не она што навистина се случува, па вашата лична среќа ќе зависи од тоа колку сте искрени кон себеси. Ако се најдете во врска со зафатена личност, веројатно ќе уживате, затоа што во текот на вашите средби ќе има многу страсти и занес. Некои поединци ќе бидат вљубени ама ќе ги прикриваат своите емоции, па другата страна нема да биде упатена во вашите емоции. Всушност, никој нема да знае што чувствувате до самиот крај на месецот, кога ќе забележите дека некои работи бегаат од контрола и дека се наоѓате во ситуација кога треба да тргнете во акција, без да размислувате за последиците.

Во ноември ќе бидете витални и полни со енергија, а подобрување ќе почувствуваат и оние кои имаат хронични болести. Ќе се занимавате со спорт и некој вид на телесни активности и ќе внимавате на својата линија и изглед. Она што е најважно, тоа е дека во вашиот живот ќе има повеќе оптимизам, па ќе можете да се препуштите на леснотијата на живеењето и уживањето во малите работи.


Претходна страна  Следна страна

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.