ГОЛЕМ МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП ЗА НОЕМВРИ: Проблеми за рибите, многу пари за девиците!
Објавено во: Општо 18 Октомври, 2017 13:41
ЈАРЕЦ
Сето она што во текот на изминатиот период ви беше преголема тешкотија или нерешлив проблем, сега ќе изгледа поинаку. Во текот на овој месец, Марс е вашиот главен сојузник.
Ако ви појде од рака пореалистично да ја согледате својата љубовна ситуација, се ќе стане многу поедноставно. Ќе бидете наклонети кон преувеличување на ситуациите и настаните и ќе се сомневате во намерите на другите. Ако вашата врска стои на „стаклени“ нозе, ќе дојдете до одредени заклучоци и во согласност со нив ќе превземете соодветни чекори. Првата половина од месецот ќе биде период на анализа, согледување и чистење, во која љубомората и посесивноста, зад кои ќе се крие стравот од загуба на саканата личност, ќе ве поттикне на некои постапки кои не се својствени за вас, а кои ќе се покажат како многу корисни. И другата страна ќе биде проактивна. Нема да можете да се пожалите дека не ви дава доволно љубов и внимание, иако понекогаш тоа нема да биде очигледно. Остриот тон и зајадливите коментари ќе бидат заменети со топли и несебични постапки кои ќе ве разнежнуваат. Но, во втората половина на месецот некои стари проблеми ќе ја подигнат својата глава и ќе бараат трезвен пристап во барањето решенија.
Во првата половина од месецот, положбата на Марс може да ви донесе проблеми со коските, посебно со ‘рбетот. Како сунѓер ќе ги впивате влијанијата во околината, иако многупати нема да бидете свесни за тоа. Во втората половина од месецот ќе се активира вашето несвесно, па ќе имате импулсивни реакции, без да бидете свесни за вистинските причини.
ВОДОЛИЈА
Ноември ќе го запомните по напорите кои ќе ги вложувате да се истакнете и да ги натерате другите да ве слушаат. Во првата половина од месецот тоа ќе го правите со доста нервоза, а во втората ќе ги искористите предностите на здружувањето.
Во одредени моменти ќе бидете нагласено свесни дека одите по работ, а таму ќе ве води ирационалниот порив за разоткривање на некои најаснотии и желбата да го зацврстите својот љубовен живот. Во зависност од тоа како го дефинирате поимот здравје и на кој начин се обидувате да го остварите, од тоа ќе зависат и вашите резултати. Потребата за емоционален императив ќе биде од клучно значење, а љубовната хармонија ќе биде резултат на воспоставената блискост, а посебно вашата зрелост. Ако сте во врска и заклучите дека тежината на секојдневието е преголемо и дека немате доволно енергија и време за љубов, би требало да размислите за поретко среќавање со партнерот, а тоа ќе ви помогне подобро да ја увидите целата ситуација. Од друга страна, неспорно е дека љубовните случувања ќе бидат интересни, па дури и набиени со емоционален интензитет. Иако ноември е еруптивен месец, стабилните врски цврсто ќе стојат на своите нозе.
Во првата половина од месецот. сетилата и емоциите ќе бидат интензивирани. На светот ќе гледате на многу индивидуалистички начин и имате желба да го прилагодите на своите визии и ставови. Ваквиот став ќе резултира со зголемен умор, исцрпеност и нервоза. Бидете толерантни и кон себе и кон другите.
РИБИ
Ноември е месец на длабоки промени, а астралните влијанија ќе бидат најинтензивни во подрачјето на кариерата и сите примарни улоги кои во животот ги извршувате, а кои бараат одговорност. Интимниот живот би можел да заглави во слепа улица, а посебно во првиот дел од месецот. Планетарните аспекти ќе предизвикаат напнатост во интимните односи, а можеби и ќе бидат причина за зголемување на недовербата и спротивставување на секаква форма на компромис. Ако успеете да го победите своето его и ако и дозволите на другата страна повеќе простор да се изрази, да објасни и без страв да ви каже што мисли за вас, а вие притоа да не се лутите, ќе бидете на многу добар пат кон разврски и продлабочувања.
Како резултат на забрзаното животно темпо и стрес, можен е пад на имунитетот, ќе бидете многу лесен плен за вирусите, и ќе морате неколку дена да лежите со зголемена температура. Но, тоа лесно можете да го спречите, ако поодговорно се грижите за своето здравје. Се советува да ја промените исхраната, да пиете повеќе витамински сокови од зеленчук и овошје и да ги задоволите потребите на вашиот организам за релаксација, одмор и сон.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





