24 Ноември, 2024
0.0256

ГОЛЕМ МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП ЗА НОЕМВРИ: Проблеми за рибите, многу пари за девиците!

Објавено во: Општо 18 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber


ВАГА

Чувството за сигурност ќе ви биде многу важно, па затоа ќе бидете сконцентрирани на материјалното. Ќе дадете се од себе да ги зајакнете личните ресурси и вештини кои можат да ви обезбедат подобра заработка и приход. Префинетоста и дипломатијата ќе бидат вашите главни адути за успех.

Брачната комуникација ќе биде отежната. Понекогаш ќе бидете повредени од суровата искреност на партнерот или вербалната бесчувствителност, но подобро би било да не им давате на таквите ситуации преголема важност и значење, затоа што тие не зборуваат ништо за емоциите и љубовта кои другата страна ги негува за вас. Кога се во прашање чувствителните теми, бидете смирени и аргументирании и обидете се да се изразувате во „јас“ пораки и изјави, зборувајќи за своите емоции во конкретната ситуација, наместо да ја обвинувате и критикувате другата страна. Ова најмногу се однесува на деновите кон средината на месецот, кога вашите нерви ќе бидат „послаби“. Партнерот премногу време ќе поминува надвор од домот, а интензивното професионално живеење ќе сака да го компензира со мирни моменти во заедничкиот однос. Но, проблемот е во тоа што вие не се согласувате на тоа, поради стравот од монотонија и досада. Затоа очекувајте несогласувања при усогласувањето на слободното време и различните интереси.

Ќе се грижите и за вашето и за здравјето на вашите блиски. Поединци од знакот ќе вршат некакви испитувања и ќе решат некои мали тегоби кои се присутни веќе подолго време. Чувајте се од настинки.

СКОРПИЈА

Во месецот на владеењето на вашиот знак се наоѓате во одлична положба да задвижите некои планови, а во исто време ќе се појават и некои нови желби и цели, кои ќе имате доволно сила да ги остварите.

На листата на вашите приоритети, во преден план избива вашето тежнеење за самоостварување, зајакнување на личните ресурси, зацврстување на стекнатите позиции и освојување нови. Ова се однесува на љубовта, пријателството и работата. Силниот порив за развој на сите ваши потенцијали, понекогаш ќе добие форма на нагласена сконцентрираност на себе. Ќе ви биде важно да бидете допадливи и да оставите добар впечаток, без да размислувате на кој начин тоа ќе го постигнете. Во одредени моменти ќе се однесувате како „целта да ги оправдува средствата“. Ќе бидете подготвени во името на некои, во дадениот момент за вас важни прашања и ситуации, љубовниот живот да го оставите настрана. Нема да се двоумите да ја откажете договорената средба со личноста која сте ја запознале и која ве привлекла, како и онаа во која сте вљубени. Ваквото однесување ќе остави впечаток дека не се грижите за чувствата на другата страна и дека повеќе си угодувате себеси отколку на другите.

Потребите на вашето тело ќе бидат нагласени, без оглед на тоа дали се работи за храна, секс или физичка активност. Во текот на втората половина од месецот ќе имате потреба за малку одмор, па ќе ви годат прошетките во природа, или патувањето во некој соседен град.


СТРЕЛЕЦ

Во првата половина од месецот ќе бидете наклонети кон дејствување од сенка, затоа што ќе бидете притаени, промислени и така најдобро ќе се чувствувате. Работите ќе се променат во втората половина од месецот, кога вашата харизма ќе дојде до полн израз.

Љубовта и интимниот живот ќе добијат на значење во првите и последните денови од месецот. Ќе ви биде поинтересно времето да го поминувате во други активности и прашања, кои посилно ќе ја стимулираат вашата фантазија и љубопитност. Ќе запознавате нови личности и ќе ви биде убаво дружењето со нив, а посебно ако се воспостави добра комуникација. Ако не се случи тоа, најверојатно за брзо ќе ви стане досадно. Во односот со некои личности ќе се најдете во некои непријатни ситуации, кога ќе морате да се правдате за своите избори и постапки.Пред зафатените Стрелци е пријатен и стабилен месец. Брачните и љубовните нитки ќе се зајакнат, а пресудна улога во одржувањето на хармонијата ќе биде интуитивното разбирање и длабоката емоционална поврзаност.

Во првата половина од месецот, вашата исхрана претежно ќе се темели на месо и месни производи, со помош на кои ќе сакате да го подигнете нивото на енергијата. Како резултат на тоа ќе се чувствувате тромо. Маглата, ниските температури, дождот и темницата нема да ве спречат да излезете на вечерни прошетки, а дури кога ќе излезете на воздух, ќе сфатите колку ви одговара пешачењето.


Претходна страна  Следна страна

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.