21 Ноември, 2024
0.1693

ГОЛЕМ ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО УЈП, СЕ ПРИМААТ 100 ЛУЃЕ - даночните власти велат: Причина е големиот број пензионирања

Објавено во: Економија 27 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Управата за јавни приходи планира да вработи наеднаш 100 луѓе. Огласот за тоа е распишан на веб страната на Агенцијата за администрација.

Во него се вели дека ќе се примаат 100 државни службеници во Управата за јавни приходи, за 79 работни позиции.

Ќе се примаат главно инспектори, даночни советници, соработници, асистенти. Платите се главно меѓу 28 и 38 илјади денари.

Во огласите е прецизно наведено кој за кое работно место какви услови ќе треба да исполнува, во смисла на образование, работно искуство, што треба да биде по националност и слично.

Фактор ја праша Управата за јавни приходи зошто наеднаш се потребни толку многу вработувања во даночната администрација.

Оттаму ни објаснија дека за сите овие вработувања е дадена потребната согласност од Министерството за финансии. Исто така, како што потенцираат од УЈП, поголем бил бројот на пензионирања од планираните нови вработувања, па затоа на даночната администрација сега и е потребен нов кадар.А, големиот одлив на кадар настанал, како што велат, и поради измените на Законот за работни односи, со кои не може да се продолжува работењето над 64 години со изјава на вработениот.

„УЈП ве информира дека јавниот оглас за вработување на 100 административни службеници во Управата за јавни приходи, е објавен врз основа обезбедена финансиска согласност на Министерството за финании и согласно донесениот Годишен план за вработување во Управата за јавни приходи за 2022 година, со кој се планирани 100 нови вработувања наспроти 110 пензионирања, иако досега се реализирани вкупно 124 пензионирања.Според ова, потребата за овие нови вработувања е утврдена врз основа на планираниот природен одлив за календарската 2022 година (предизвикан првенствено од измените на Законот за работните односи со кои се укина можноста за продолжување на работниот однос над 64 години возраст со изјава од вработениот), како  и согласно останатите индикатори за работната сила по години“, се вели во одговорот кој Фактор го доби од УЈП.

Целиот оглас можете да го погледнете тука.

Еве ги првите неколку позиции во огласот. Се бара даночен советник за правни и нормативни работи со високо образование од областа на правните науки и две години искуство во струката, кој ќе зема 36 и пол илјади денари и треба да биде Македонец.

Се бара и самостоен референт книговодител, за кој се бара више или средно и неговата плата ќе биде 18 илјади денари.

Има оглас и за асистент за управување со ризик кај усогласеноста, со плата над 33 илјади денари, помлад асистент за управување со ризик, со плата над 30 илјади денари, асистент за даночно сметководство, кој ќе зема над 33 илјади денари и слично.

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

БОЖИНОВСКА ГО НАЧЕКАЛА ЕСМ СО МИНУС ОД 80 МИЛИОНИ ЕВРА: Вели дека во МЕПСО бил вработен несоодветен кадар

БОЖИНОВСКА ГО НАЧЕКАЛА ЕСМ СО МИНУС ОД 80 МИЛИОНИ ЕВРА: Вели дека во МЕПСО бил вработен несоодветен кадар

ДЕКАТЛОН ВО ОФАНЗИВА - ИНВЕСТИРА 100 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Ќе има над 150 продавници до 2027

ДЕКАТЛОН ВО ОФАНЗИВА - ИНВЕСТИРА 100 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Ќе има над 150 продавници до 2027

Заменик министерот за финансии: Трпиме голем притисок од олигарсите

Заменик министерот за финансии: Трпиме голем притисок од олигарсите

ФОЛКСВАГЕН ВЛЕГУВА ВО ПРЕГОВОРИ СО РАБОТНИЦИТЕ: Доколку не се исполнат овие услови, ќе има штрајк, прв од 2018 година

ФОЛКСВАГЕН ВЛЕГУВА ВО ПРЕГОВОРИ СО РАБОТНИЦИТЕ: Доколку не се исполнат овие услови, ќе има штрајк, прв од 2018 година

(ВИДЕО) Браќата Кимовски, сопственици на „Сетек“: Добивките секогаш ги реинвестираме во бизнисот, продаваме по 30.000 машини за перење годишно

(ВИДЕО) Браќата Кимовски, сопственици на „Сетек“: Добивките секогаш ги реинвестираме во бизнисот, продаваме по 30.000 машини за перење годишно

Наградно прашање: Каде Доне Таневски ќе вложи 6 милиони евра?

Наградно прашање: Каде Доне Таневски ќе вложи 6 милиони евра?

„Костал“ со нова компанија започнува со посебно производство на најсофистицираниот дел за електричните возила на „Фолксваген“

„Костал“ со нова компанија започнува со посебно производство на најсофистицираниот дел за електричните возила на „Фолксваген“

СЕ ВОВЕДУВААТ НОВИ МЕРКИ НА ГРАНИЦИТЕ: Земјите ги заоструваат контролите

СЕ ВОВЕДУВААТ НОВИ МЕРКИ НА ГРАНИЦИТЕ: Земјите ги заоструваат контролите

ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА СРПСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ: Пензиите ќе се зголемат за 10.9 отсто

ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА СРПСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ: Пензиите ќе се зголемат за 10.9 отсто