25 Ноември, 2024
0.0263

ГОЛЕМ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА: Побарувачката за „црното злато“ ќе расте

Објавено во: Економија 18 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Цените на нафтата скокнаа за околу 4 отсто минатата недела, враќајќи ги загубите од претходната недела, благодарение на проценките дека побарувачката за „црното злато“ може да се зголеми. На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела порасна за 4 отсто, на 85,34 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 3,9 отсто, на 81,04 долари.

Зголемувањето на цената на лондонскиот пазар над 85 долари, првпат од ноември минатата година, следеше по проценките на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) дека глобалната побарувачка на нафта ќе се зголеми за 1,7 милиони барели дневно во првиот квартал.

Зголемувањето на проценките на побарувачката се должи на подобрената економска перспектива во САД и зголемената побарувачка за гориво, но дополнително е поттикната поради кружењето на бродовите кои сега патуваат подолго поради проблемите во Суецкиот канал. 

ИЕА, исто така, ја зголеми својата проценка за растот на побарувачката за целата година, за 110.000 барели дневно, на 1,3 милиони барели дневно. Но, тоа значи дека растот ќе биде значително побавен од 2023 година поради забавувањето на светската економија.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

Соработката со „Бехтел ЕНКА“ продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување

Соработката со „Бехтел ЕНКА“ продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување