18 Декември, 2025
0.0493

ГОЛЕМА АКЦИЈА ВО ГЕРМАНИЈА: Рации и апсења во исламски келии во Берлин

Објавено во: Свет 16 Јануари, 2015 10:36

Добивај вести на Viber

Повеќе од 200 германски полициски службеници рано утринава изведоа рација во келии на исламски екстремисти во и околу Берлин, а до овој момент уапсени се две лица, вклучуително и лидерот на групата која имала намера да изведе напад во Сирија. Полицијата соопштила дека е уапсен 41 годишен маж со турско потекло, пренесува „АФП“. Тој е осомничен дека „ја предводел исламската екстремистичка група која била составена од лица со турско и руско потекло од областа на кавкаскиот регион, Чеченија и Дагестан“. Полицијата нагласила во соопштение дека „не постојат назнаки дека групата подготвувала напади во Германија“. Агенцијата „Ројтерс“ наведува дека две лица се уапсени во акција на полицијата и дека таа била реализирана по повеќемесечна истрага која се однесувала на пет турски граѓани, на возраст од 31 до 44 години. Тие се осомничени дека „подготвувале сериозни напади против сириската држава“, а се теретат и за перење пари. „Ројтерс“ пренесува дека околу 250 полициски службеници учествувале во рациите во 11 објекти за кои се верува дека се поврзани со исламските салафисти. Акцијата на германската полиција следи по само неколку часа откако белгиската полиција доцна синоќа уби двајца мажи во антитерористичка операција против група која подготвувала да изведе „терористички напади од големи размери“.    

Можеби ќе ве интересира

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил