Добивај вести на Viber
При експлозија на плинска боца, на бензинска пумпа на магистралниот пат Бјелина-Брчко во БИХ повредени се тројца работници.
Работниците се свесни и се однесени во болницата во Бјелина, каде им се укажува лекарска помош. Тие ја подготвувале боцата за употреба без да знаат дека е под напон, по што таа пукнала и ги повредила.
Пожарна била повикана во 11.15 часот, по што пожарникарите веднаш излегле на терен, а на местото на несреќата пристигнала и Брзата помош.
Полицијата ја обезбедува бензинската пумпа.