18 Декември, 2025
0.0636

Голема руска операција за спас на Србија

Објавено во: Балкан 16 Мај, 2014 22:26

Добивај вести на Viber

Рускиот министер за вонредни ситуации Владимир Пучков објави дека неговото министерство покренало хуманитарна операција од големи размери за помош на населението во поплавените региони на Србија. „Нашите тимови веќе работат, рамо до рамо, со руско-српскиот хуманитарен центар во погодените региони и ги извршуваат задачите за заштита на животот и здравјето и за помош на населението“, изјави Пучков. Авиони на руското Министерство за вонредни ситуации ги донесоа спасувачките тимови од Русија опремени со се што е неопходно за операција за спасување, како и пратки хуманитарна помош која вклучува храна, дневни потреби и лекови. Одговарајќи на барањето на Србија за помош за справување со поплавите, упатено вчера, руските власти уште истиот ден донесоа одлука „да му пружат помош на братскиот српски народ“, објави Амбасадата на Русија во Белград. Преку ноќ биле подготвени два авиони од типот „ИЛ-76“ со кои се упатени спасувачки тимови од аеро-мобилната група „Центроспас“ и Центарот за извршување на спасувачки операции со посебен ризик „Лидер“, најсовремена спасувачка опрема, вклучувајќи и специјални костими за нуркање, подводна и специјална опрема и моторни чамци. Со ваква опрема спремни се автономно да делуваат до 15 дена. Акциите од руска страна ги координира Едуард Чижиков заменикот на рускиот министер за вонредни ситуации. Веднаш по пристигнувањето руските спасувачи се вклучиле во спасувачките операции во Обреновац, општината која целосно ќе мора да биде евакуирана заради катастрофалните поплави.

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии