Голема тага: Најбараниот хрватски модел (29) ненадејно починa
Објавено во: Балкан 26 Декември, 2022 11:11
Најбараниот хрватски манекени ненадејно почина на 29-годишна возраст
Популарниот хрватски модел Патрик Цветко ненадејно почина на 29-годишна возраст. Патрик Цветко доживеал епилептичен напад, по што починал, пренесува Кроација Стори.
Веста за неговата
смрт ја потврди неговата пријателка Елена Диздар, која на својот Инстаграм
профил напиша:
- „Почивај во мир пријателе“.
Цветко почнал да се занимава со манекенство на 19 години, а поради русата коса и сините очи стана еден од ретките хрватски модели со меѓународен успех.
Тој се појави и во спотот на Франка Бателиќ за песната План Б, во кој глумеа како пар.
На Инстаграм го следеа речиси 16.000 корисници, со кои редовно споделуваше фотографии од своето секојдневие.
Фото: Инстаграм
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




