ГОЛЕМА ТАГА: Почина Насе Насев, икона на македонското борење
Објавено во: Македонија, Спорт 02 Септември, 2023 19:50
Доајенот на македонскиот спорт и долгогодишен селектор на националниот тим во борење слободен стил Насе Насев почина денеска во Скопје по кратко боледување на 80-годишна возраст.
Роден во кочанското село Нивичани, Насев беше меѓу основоположниците на македонското борење, поранешен борач и тренер на локалниот клуб „Спартак“, а потоа и селектор на репрезентацијата во поранешна Југославија.
Насев, по осамостојувањето на земјата, беше долгогодишен македонски селектор, како и спортски директор на националниот тим во борење слободен стил за време на Игрите 2000 во Сиднеј кога Могамед Ибрагимов му го донесе на македонскиот спорт првиот олимписки медал, освојувајќи го бронзеното одличје.
Сите бројни успеси на повеќе генерации македонски борачи се поврзани со работата на Насев, за која многу пати беше наградуван од Светската боречка федерација (ФИЛА) и од Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) како и други врвни спортски и општествени организации.
Насев беше долгогодишен инструктор на ФИЛА и директор на голем број светски семинари, а во улога на селектор и спортски директор на Македонскиот олимписки комитет (МОК) беше учесник на десет летни и зимски олимписки игри.
Во 1997 година Насев стана првиот член на Клубот на великани на МОК, а во јуни оваа година шефот на државата Стево Пендаровски го одликува со „Медал за заслуги“ за неговиот огромен придонес во афирмацијата на македонскиот спорт и држава
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино
Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец





