ГОЛЕМАТА КАШЛИЦА КАЈ „ГОЛЕМИТЕ“: Од упорното кашлање ве болат сите мускули

Објавено во: Македонија 22 Февруари, 2024 07:28
Со заразното
заболување пертусис има случаи и на повозрасни пациенти во Македонија, што
значи дека големата кашлица не е „резервирана“ само за децата. Ова го
потврдуваат и матичните лекари, а вчера беше соопштено и од страна на
здравствените власти. Иако болеста кај адолесцентите и возрасните не е
животозагрозувачка, како што може да биде кај доенчињата, сепак дел од
пациентите кои во моментов се справуваат со голема кашлица велат дека симптомите
и клиничката слика не се воопшто лесни.
-Кашлам веќе две недели, кашлањето трае долго а, звукот при кашлањето е застрашувачки и тоа по многу пати во текот на еден час. Од напорот што го давам при искашлувањето ме болат сите стомачни мускули. На почетокот од болеста под серија кашлање, повраќав. Всушност ова, како што вели мојата лекарка, беше и главниот симптом, за да ми дијагностицира пертусис, односно голема кашлица. Сето ова ве прави целосно исцрпен, телото е немоќно да се движи. Нападите се случуваат ненадејно и долго траат. Инаку, јас ги имам примено сите дози за пертусис, но поминати се многу години. Наверојатно кога постои епидемија на одредено заболување, како што е во случајов големата кашлица, ранливи стануваат и оние кои пред децении ги примале вакцините, вели еден од повозрасните пациенти кај кого е потврден пертусисот.
Во однос на терапијата за возрасните пациенти кои се заразени со голема кашлица, матичните лекари препишуваат антибиотици.
-Првиот избор во третманот на пертусис е употребата на макролидни антибиотици, односно азитромицин или кларитромицин. Исклучително важно е да се постави точна дијагноза што е можно поскоро, бидејќи гога болеста е веќе во понапреднатата фаза, бактеријата Bordetella pertussis почнува да лачи токсин Bordetella во крвотокот, врз кој антибиотиците веќе немаат значајно дејство. Во оваа фаза, иако антибиотиците значително не го ослободуваат пациентот од голема кашлица, тие ја намалуваат неговата заразност кон околината. Дополнителна терапија покрај антибиотскиот третман може да биде употреба кислород, доколку станува збор за посериозна клиничка слика кај пациентот. Истовремено препорачуваме и витамини и минерали кои го зајакнуваат имунитетот, на пример витамин Д, витамин Ц, цинк и селен. Одморањето е многу важно, бидејќи и најмала физичка активност ја активира кашлицата. Болеста, како што веќе е познато, трае и повеќе од два месеци, велат матичните лекари.
Освен антибиотската терапија која е најсоодветна во лекувањето на големата кашлица, вчера од Комисијата за заразни болести најавија дека овие денови ќе пристигнат и вакцини за пертусис за возрасните, кои ќе бидат наменети и за трудниците.
Оттаму апелираат дека вакцинацијата е најдобра и најсигурна превенција од сите заразни заболувања. По прогласувањето на епидемијата на голема кашлица во Скопје, вакцинирани се 13.000 деца, што според здравствените власти е добар сигнал, но како што напомена претедателот на Комисијата за заразни болести, д-р Александар Петличковски, остануваат уште многу илјади кои треба да се вакцинираат. Колективниот имунитет од ова заразно заболување се стекнува со 95 отсто опфатност на вакцинација.
Анита Буховски
Можеби ќе ве интересира
„БУГАРИЈА НЕ ПОСТАВУВА БЛОКАДИ, ТРИ ГОДИНИ ЧЕКАМЕ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ“: Радев порача од Тирана

„ВИСАР ГАНИУ НЕ МОЖЕ ДА УНИШТИ ТОЛКУ ДОКУМЕНТИ КОЛКУ ШТО ЈАС ИМАМ ДОКАЗИ“: Арсовска прати до ОЈО докази за нелегалното легализирање во Чаир

ЕВАКУАЦИЈА НА НАШИ ДРЖАВЈАНИ ОД ИЗРАЕЛ: Со владин авион ќе бидат вратени во Македонија

Осум македонски државјани, од кои четири деца, го чекаат МНР за да го напуштат Израел

ЕМ ВОЗЕЛ ПИЈАН, ЕМ ПРЕДИЗВИКАЛ СООБРАЌАЈКА: Уапсен скопјанец со 2,57 промили алкохол во крвта

Родителите од Кочани бараат одговори од Обвинителството: Сакаме да знаеме кој и зошто е обвинет!

ДОДЕКА ВЛАДАТА НА МИЦКОСКИ Е НА ПОЗИЦИЈА, БУГАРИЈА ТРЕБА ДА ИЗЈАВИ ДЕКА ВО СЛУЧАЈ НА УШТЕ ЕДЕН АНТИБУГАРСКИ НАСТАН, ЌЕ СТАВИ ВЕТО: Каракачанов ја нападна Македонија дека е антибугарска

ТОШКОВСКИ СЕ НАДЕВА ДЕКА ЌЕ ГО СМЕНИ МЕНТАЛИТЕТОТ КАЈ ЛУЃЕТО: „Со имплементација на овој систем нема да има опција за избегнување на казна“

Серија земјотреси со епицентри од охридското крајбрежје
