28 Септември, 2024
0.0233

Големата мечка не се дава, но одливот на капитал се зголемува!

Објавено во: Анализа 21 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ ) ја соголи прогнозата за економскиот раст на Русија за 2014 година до само 0,2 % во однос на постигнатиот во 2013 година раст од 1,3 %. Минатиот месец експертите на финансиската институција изјавија дека руската економија веќе паднала во техничка рецесија поради големата осека на капитал поради случувањата во Украина. Централната банка на Русија проценува дека само за првиот квартал од 2014 година 63,7 милијарди долари може да ја напуштиле земјата. Министерството за економија на Русија соопшти дека производството на електрична енергија и гас и карго транспортот се повеќе од слаби во април. Вкупната бизнис активност не дава причини да мислиме дека изгледите пред економијата за првите три месеци од новата година ќе се оптимистични. Прогнозите се за контракција на БДП во вториот квартал - што е второ по ред. Минатата недела Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД ), исто така предвиде дека рускиот економски раст ќе опадне до 0,5 отсто од првичните 2,3 %. Според експертите на Организацијата настаните во Украина ставиле кочница на обновата во Русија, што го набљудувале во крајот на минатата година. Светските финансиски институции се на мислење дека санкциите наметнати од САД и Европската унија, го покажале својот ефект врз инвеститорското однесување. Според некои аналитичари настаните во Украина се само еден од факторите за одлив на капитал, а тврдат дека парите си заминувале од границите на Русија уште пред анексија на Крим и наложените санкции последователно. Вкупниот број на локалните проекти од руски инвеститори падна за 7 % на годишна база во јануари оваа година и 3,5 отсто во февруари. Рускиот економски завод очекува дека до крајот на оваа година одливот на капитал ќе достигне сума од 100 милијарди долари, додека Светската банка предвидува дека сумата ќе надмине 150 милијарди долари. На крајот на април агенција S & P го намали кредитниот рејтинг на Русија, наведувајќи дека "големите капитални осеки во првиот квартал на 2014 година го зголемија ризикот од влошување на надворешното финансирање, странските директни инвестиции и на портфолиото на капитални инвестиции." Компаниите, како и руските домаќинства, се движечката сила која стои зад одливот на капитал, конвертирајки ги заштедите од рубљи во долари. Побарувачката на девизи забележа рекорден врв од 2008 година - најтешката од финансиската криза, кога бизнис кредибилитет беше на рекордно ниско дно. Во обид да го неутрализира влијанието од американските и европските санкции и за да ја заштити Русија од влегувањето во рецесија претседателот Владимир Путин се заложи во потрага по алтернативни извори на капитал за економијата. Откако финансирањето од западните земји се заостри, Путин сврте поглед кон Азија и особено - во Кина, за обезбедување на финансиски инјекции за руските индустриски и инфраструктурни проекти. Во текот на неколку последователни години Кина беше најголемиот трговски партнер на Русија, а Москва беше особено активна во правење на бизнис со својот јужен сосед, особено во областа на енергетиката, задоволувајќи ја нејзината зголемена потреба од нафта и гас. Износите по склучените нафтени договори меѓу двете земји надминаа стотици милијарди долари. Очекувањата се дека Кина, која се соочи со недостиг на суровини, ќе искористи од предлозите упатени од руската влада, и ќе се здобие со поширок пристап до секторите на руската економија и ќе земе учество во големи проекти во иднина. К.К.