Големата промена на семејствата во САД
Објавено во: Анализа 15 Октомври, 2013 07:55
Само 20% од домаќинствата се содржат од двајца родители и барем едно дете. Фрапатна преполовеност од 40% пред четири декади. Поголемиот број разводи и тргањето на разводот како табу тема веројатно е една од причина за оваа обратна прогресија. Од друга страна значително е зголемен бројот на самци, жени и мажи. Особено изразено е кај мажите, па така 12% од домаќинствата во САД, всушност се самци мажи.
Еве и пресек на демографијата за самци во најголемата екомија во светот. Мажите како што кажавме сакаат се повеќе да живеат сами или немаат време да најдат жена. Карактеристика што не се сменила кај жените е тоа што очигледно имаат повеќе желба и време да си најдат партнер. Па така процентот на сами жени во демографијата од 15-64 е скоро ист. Во прилог на оваа теза оди податокот е дека процентот на сами постари жени е опаднат од пред четири декади.
Заклучок, во САД изгледа полесно се наоѓаат партнери во поодминати години
И за крај податок што е карактеристичен за многу домаќинства во развиени економии, нивниот брoј постојано се намалува. Не е наведено дали главна причина за ова е осамостојувањето или намалениот наталитет, но факт е дека бројот на домаќинства со пет или повеќе луѓе е преполовен, а од друга страна бројот на самците е значително пораснат.
Редакција Фактор
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





