Големи даноци за големи проблеми
Објавено во: Анализа 08 Јули, 2013 09:03
Во време на криза на сите држави им е многу битно да го соберат данокот. Кога светот е поделен на два табора, едниот кој вели дека треба да се троши, а другиот дека треба да се штеди, сепак даноците остануваат приоритет. Доколку спроведувате политика која бара трошење треба да имате од каде да трошите, а грото од приходите сепак не се од задолжување, туку од даноците. Тие пак остануваат главни и во вториот случај, доколку сакате да штедите како држава, веројатно сакате да ги намалите даноците, но сепак тоа што ќе треба се наплати ќе мора. Така да во секоја варијанта даноците се клучен момент за полнењето на државната каса.
Па така како и во секоја економија така и во онаа најголемата на САД, прашањето за даноците, нивната висина, наплата и слично, доаѓа во фокусот на јавноста во периоди на криза. САД за разлика од Македонија, имаат исклучително висок корпоративен данок од 35%. Ние имаме нула или десет проценти, во зависност од тоа дали компанијата ќе реши да ги реинвестира парите кои ги заработила во фискалната година. Сепак проблемот во САД е што скоро ни една голема компанија во САД овој данок не го плаќа. Во јавноста веќе се екслатираше проблемот кој САД го има со Епл, технолошкиот гигант кој голем дел од профитот си го задржува на сметки надвор од САД и не плаќа данок колку што треба да се плати. А секако ќе се согласите дека 35%, не е воопшто мала даночна стапка. Истражувањата на државните институции покажале дека скоро секоја втора фирма во САД, избегнала плаќање на данок барем еднаш помеѓу 1998 и 2005 година. Исто така проценките се дека државата годишно губи 180 милијарди долари од ваквите даночни затајувања. Во основа не се работи за директен криминал туку за користење на дупките во законот кои им овозможуваат на компаниите да имаат фирми надвор од земјата каде даноците се или мали или не постојат и тие пари да си лежат на тамошните сметки и да не бидат даночени. Е сега и покрај тоа што САД губат многу пари од овие компании, се чини дека доколку оваа политика продолжи никогаш нема да може нити да ги наплатат. Големите компании спроведуваат иницијатива и лобираат да се намали стапката на даночење со цел дел од овие пари да се вратат во земјата затоа што се потребни инвестиции во време на криза. Претседателот Обама најавува намалување на стапката на 28%, но колку што има приврзаници, толку има и противници на овој предлог. Инаку само 18 компании меѓу кои и гигантите Најк, Мајкрософт и секако Епл, благодаредение на офшор сметките годишно затајуваат скоро 100 милијарди долари или половина од она што земјата го губи. Всушност истражувањето покажало дека компаниите во САД плаќале ефективно сам 17% данок. Решение ќе мора да се најде, и веројатно истото ќе мора да вклучува некакви намалувања на данокот. Затоа што освен на хартија големиот данок се чини дека не фунционира во реалноста.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





