19 Декември, 2025
0.0542

Големи очекувања на владиниот врв од Казахстан, потенцијали на сите страни

Објавено во: Економија 24 Мај, 2013 20:07

Добивај вести на Viber

Економскиот форум „Астана“ беше одлична можност да ги претставиме нашите поволности за инвестирање но и место за размена на мислења за кризата и како другите држави се справуваат со неа, истакна   премиерот Никола Груевски кој вчера ги презентираше можностите за инвестирање во Македонија за време на обраќањето пред околу 3.000 луѓе во Казахстан.

За време на Форумот посветен на предизвиците со кои се соочуваат државите во период на криза, Премиерот потсети дека единствено со постојана инвестициска активност, реформи и мерки може да се пребродат кризите.

Павлески и Мизо во лов на инвеститори

Директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони Виктор Мизо кој со владината делегација отпатува во Астана,  истакна дека Казахстан е една од најбрзо растечките земји во развој  и земја која без разлика на економската криза  немаше намалување на економски раст.

„Она што казахстанската економија може потенцијално да го нуди за Македонија се две различни компоненти. Прво, потенцијалот на македонски компании да настапат на нивниот локален пазар. Пред се, тука би биле градежните компании, но и фармацевтските компании. Од друга страна, тука се потенцијалите на нивниот државен фонд, кој разгледува кои се потенцијалните места за инвестирање“, истакна Мизо.

Министерот за странски инвестиции Бил Павлески пак оцени дека Форумот има  големо значење бидејќи ги поврзува Европската унија и азиските земји. Тој посочи дека сите компаниите учеснички од Европа и Азија, се запознале можностите за водење бизнис во Македонија но и освојување нови пазари.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар