05 Декември, 2025
0.0775

Големи странски компании најавува НОРМАК во ТИРЗ Тетово

Објавено во: Економија 16 Јануари, 2013 11:15

Добивај вести на Viber

Тимот од НОРМАК Инвестмен Груп, пристигна во Македонија. Компанијата најверојатно ќе раководи со индустриската зона во Тетово по принципот на јавно приватно партнерство.

Како што беше речено на денешната прес-конференција во Стопанската комора на северозападна Македонија, се уште е рано да се каже какви проекти ќе бидат реализирани, но се очекува во зоната да дојдат големи странски производни компании. Најмалку една година ќе треба да се чека за старт на конкретна инвестиција зашто предвидените активности околу подготовките ќе потраат.

- Уште е рано да се соопштат детали како и во кој правец ќе се развива индустриската зона, но извесно е дека тука ќе дојдат големи странски фирми кои се занимаваат со производство. Ние веќе соработуваме со голем дел од нив и знаеме дека бараат добри услови. Тие ја гледаат Македонија како земја која тоа може да им го понуди, истакна Ерик Вел Ватме од „Иновација“ - Норвешка, државна компанија која реализира соработка со приватниот сектор.

Претставниците од НОРМАК изразија уверување дека напорите на македонската Влада за креирање поволна бизнис клима ќе ги зголеми странските вложувања. Тие ги повикаа своите членови да дојдат во Македонија.

Во индустриската зона Тетово веднаш ќе почнат подготовките во делот на инфраструктурата по што, најавија од норвешката компанија, ќе следува потпишувањето на договорите со заинтересираните вложувачи, разгледувањето на нивните бизнис-планови и обезбедувањето на потребните дозволи за градба.

- Македонија и Норвешка имаат многу заедничко, двете се релативно мали држави во кои приватниот сектор, мирко малите и средните претпријатија се основата на економијата, нагласи Вел Ватме.

„Иновација“ - Норвешка има претставништва во преку 30 земји. Македонија е одбрана меѓу новите демократии поради, како што беше потенцирано, исклучително поволните бизнис услови.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?