24 Април, 2024
0.0704

10 Години детска кардиохирургија во Македонија, интервју со доц. д-р Владимир Чадиковски

ГОЛЕМИОТ БРОЈ СПАСЕНИ БЕБИЊА СЕ НАШИТЕ ПЕХАРИ, ДРУГО ПРИЗНАНИЕ НЕМАМЕ: Доц. д-р Чадиковски за сите предизвици во 10-годишното постоење на детската кардиохирургија

Објавено во: Интервјуа 20 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Педесет професионалци предводени од доц. д-р Владимир Чадиковски, суб-специјалист по детска кардиохирургија секојдневно водат беспоштедна борба да се спаси детски живот. Од 120-150 бебиња кои во нашава земја се раѓаат со вродена срцева мана на годишно ниво, доколку не се оперираат веднаш, имаат за жал, 100 процентна смртност. Овој тим, кој работи како еден, е победнички, вели доц. д-р Чадиковски во денешното интервју за Фактор, по повод 10-годишниот јубилеј

-Отворив врата на идните генерации да бидат подобри од мене. Направивме суб-специјализација за детска кардио хиругија за прв пат на Медицински факултет. Успеав да направам победнички тим кој сега ќе негува нови генерации, дека на крај секогаш се бројат само победите и успесите...

Една од најпрестижните области во медицината е детската кариохирургија. 10 години предводите тим кој успешно се соочува со низа неверојатни предизвици. Д-р Чадиковски, може ли да направите една паралела, како почнавте и до каде стигнавте во детската кардиохирургија која благодарение на вас почна да функционира во Македонија во 2013 година.

Д-р Чадиковски: Оваа година правиме 10 години од кога започна проектот детска кардио хирургија во нашата држава. Од почетокот имаше едно прашање кое цело време си го поставував  зошто до сега нема ваква медицинска гранка (најтешка системска медицинска гранка)  кај нас, 120-150 деца се раѓаат годишно со вродена срцева мана, ако не ги оперираш веднаш, имаат 100 проценти смртност (80 проценти во првите неколку месеци), 20 години децата одат да се оперираат во Софија, успеваат само 40-45 проценти да стигнат до операција по нашите статистики кои ги имаме сега, значи половина од децата годишно завршуваат без шанса за живот, огромини средства се одлеваа од Фондот за лекување во странство и уште огромен на други пропратни проблеми. За кратко време ќе сфтите зошто немало – дека е „пеколно“ тешко да направиш систем во систем и тим од 50 професионалци кои ќе работат како еден. Сè започна со средба иницирана тогаш од министерот за здравст в о Г-дин Никола Тодоров, кој го покани проф. Вилијам Новик со цел негов тим во нашата држава да го започнеме овој проект. Од кога се поставија основните постулати како то ќе се организира започнав со работа која не беше поврзана со операции туку со организирање на систем. Морав цела година да поминам по донаторски настани за собирање пари за реновирање на одделот на детска хирургија да го спремамм за можност за да се оперираат деца со срцеви мани. Прво започнав со амбасадорката Симоне Филипини, огормен број на настани, а потоа се приклчии Министерството за одбрана на УСА при што опремивмне цел оддел за интензивно лекување, комплет апаратура, опремување на операционите сали, реновирање на целата клиника, амбулантите и три од 4 лифтови на Хирургија. 

Намерно оставив еден лифт за да видат како изгледало порано дека нашиот народ брзо заборава. По една година приприми сè започна со оператива при што во едукација учествуваа повеќе од 400 професионлаци од повеке од 30 држави. Беше навистина тешко првите години, притисоци имаше од сите страни но некако се успеа во таа борба. Во првите 3-4 години се оперираа повеќе од 200-250 деца. Павињонскиот тип на клиниките беше огромен проблем, дека клиниките се на различни позиции во кампусот. Чисто информативно, ние започнавме една година пред адултната кардиохирургија кои цела година оперираа во нашите сали, а потоа се оформи нивната клиника. Да, последните 3 години веќе сме во Аџибадем Систина и имам свој оддел акредитиран по ЈСИ стандарди за прв пат во нашата држава и регионот со повеќе од 50 професиналци едуцирани од оваа област, а сите услуги се покриени од ФЗОМ. Сите деца добиваат шанса за живот, значи да бидат покриени сите трошоци од државата, а да добијат најдобри услови за третман. Како илустрација каде и да проверите во УСА или Европа кога една болница има детска кардио хирургија е болница со 5 звезди ,заради тоа што покажувате систем , тим кој функционира како еден, со тоа треба да се гордее и државата дека имате оддрл кој може да ги ги згрижи сите најтешки болни бебиња и деца.

Морам да признам сега од оваа перспективна гледано, многу труд се вложи да се успее се ова.

Располагате ли со конкретни бројки во однос на тоа колку операции се досега направени и колкава е најмалата возраст на дете/бебе врз кое морало да се направи одредена кардиохируршка интервенција?

Д-р Чадиковски:  До сега се третирани повеќе од 1000 бебиња, со морталитет како што е скоро идентичен со тој во околните држави и Европа, а што се однесува до тт мислам е некаде 1500 гр,најмалото третирано кај нас на оддел.

Во вашето десетгодишно дејствување на ова поле може ли да издвоите еден од предизвиците кој засекогаш ќе го паметите? 

Д-р Чадиковски: Драго ми е веќе можеме да се справиме со сите предизвици во детската кардио хирургија, најсовремени оперативни техники , постоперативна нега, дијагностика ,хибридни процедури, интервентна кардиологија, електрофизиологија, ехотомографија кај трудници и нивно следење. За прв пат почнавме со ЕКМО и Призма, хемодијализа кај бебиња и деца со одлични резултати.

Од каде сè имате пациенти?

Д-р Чадиковски: Ги згрижуваме  веќе сите бебиња и  деца со вродени срцеви мани во нашата држава , а веќе опериравме повеќе од 50 бебиња од Косово , а сега сме во преговори да започнеме со третман на деца од Албанија.

Која е најголемата награда со која се гордеете како единствен суб-специјалист за детска кардиохирургија во Македонија?

Д-р Чадиковски: Знаете, најитересно е поминаа повеќе од 10 години, оперирани се повеќе од 1000 бебиња кои се најтешките во државата за згрижување, никогаш во историјата во македонското здравство не постоело вакова специјалност, децата и родителите оделе во странство, повеќе од 1000 бебиња починале без борба пред да започне нашиот проект , има само 4 центри во регионот Белград , Софија и Атина и еден кај нас, никој досега не се сети без разлика која Влада, градоначалник, претседател да го награди со благодарница овој тим од 50 професионлаци кој секој ден се борат со најтешките бебиња во државаа. Ќе кажам, најголема награда ни е на сите нас во тимот кога ќе заминат дома родителите среќни со здраво дете. Не успеваме секогаш, што ми е посебно тешко да ги спасиме сите , но на сите родители им кажувам, единствено нешто што им гарантирам е дека јас и целиот мој тим ке дадеме сè од себе да го спасиме нивното дете. Само тоа можам да им го гарантирам.

Ќе ни откриете ли кои се вашите следни чекори и каде се гледате себе по наредните 10 години?

Д-р Чадиковски: Мојата кариера вака или онака ќе заврши за некое скоро време, незнам дали тоа јас што го поминав е добро или лошо, правилно или неправилно, успешно или не успешно, знам единствено  дека отворив врата на идните генерации да бидат подобри од мене. Направивме суб-специјализација за детска кардио хиругија за прв пат на Медицински факултет. Успеав да направам победнички тим кој сега ќе негува нови генерации, дека на крај секогаш се бројат само победите и успесите, а мојот тим е победнички, а пехарите се огроминиот број на спасени бебиња.

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

Со НЛБ „Рамката за помош“ заедно ќе го олесниме секојдневието на глувите лица: Анита Гаговска за Центарот за подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост и нивните фамилии „Порака Нова“

Со НЛБ „Рамката за помош“ заедно ќе го олесниме секојдневието на глувите лица: Анита Гаговска за Центарот за подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост и нивните фамилии „Порака Нова“