Големите европски банки го издржаа стрес тестот
Објавено во: Економија 30 Јули, 2016 11:27
Големите банки во Европа добија генерално доста пристојно сведоштво за својата отпорност од европскиот банкарски надзор. Според него значително зголемените капитални амортизери во текот на последните години се релативно стабилни.
Најслабо се претставија банките од Италија, Ирска, Шпанија и Австрија. Најслаби резултати забележаа италијанската „Monte dei Paschi“, австриската „Raiffeisen“, шпанската „Banco Popular“ и две од најголемите ирски банки. Меѓу 12 најслабо претставени се и германските најголеми банки „Deutsche Bank“ и „Commerzbank“.
Во сегашниот стрес тест вкупно 51 банки од 16 земји требаше да докажуваат дека можат да издржат под сериозен пад на економијата и на цените на имотите. За прв пат во тестот сега се вклучуваат и правни ризици. Помалиот број финансиски институции оваа година се рефлектира искуството на Европскиот банкарски орган (EBA) кое се фокусира на поголемите банки, кои ќе ја доверат контролата врз помалите на националните регулатори.
Банките од Португалија и Грција не се вклучени во тестовите кои започнаа во февруари.
Во претходниот стрес тест во 2014 година од 123 проверени банки пропаднаа вкупно 24, а на нив им недостигаа 24,6 милијарди евра.
„Резултатите покажуваат како цела отпорност на банкарскиот сектор на ЕУ, благодарение на значајната рекапитализација“, се вели во извештајот на Европскиот банкарски орган (European Banking Authority), кој беше по крајот на берзанското тргување во САД.
Европската централна банка (ЕЦБ), исто така го оцени резултатот за позитивен: „Тестот покажува подобра отпорност на банкарскиот систем на еврозоната. Сепак одделни банки покажуваат значителни слабости“, појаснува централната банка во своето мислење.
Деветте германски банки во тестот покажуваат добри резултати, иако во поединечни случаи ги исполни барањата на конец. Најдобро се претставува „NRW Bank“, која дури и во најлошо шоково сценарио покажува показател „Equity Tier 1“ - капитал спрема ризичните средства во износ од 35,4 отсто. Кај „Deutsche Bank“ тој опаѓа до 7,8 отсто, а кај „Commerzbank“ изнесува 7,42 отсто. Најслабо за овој индикатор се претставува италијанската „Monte dei Paschi die Siena“ со минус 2,44 отсто.
Во фокусот на тестовите беа првенствено италијанските банки, кои според некои проценки имаат лоши кредити за 360 милијарди евра. Некои критичари најавија пред објавувањето на резултатите, дека тие можат да се користат како изговор за спасување на западнатата во криза „Monte dei Paschi“ и можеби и други банки со пари на даночните обврзници.
Во меѓувреме сепак ЕЦБ го одобри спасувачкиот план за „Monte dei Paschi“. Покрај тоа ЕЦБ даде зелено светло за продажба на пакет од лоши кредити на банката во вредност до 10 милијарди евра.
Соодносот на капиталот спрема ризичните средства се смета за одлучувачки индикатор. Аналитичарите сметаат дека ниво од 7% е критично. Шпанската „Banco Popular“, ирската „Bank of Ireland“ и австриската „Raiffeisen“ се под оваа граница со соодветно 6,62 отсто, 6,15 отсто и 6,12 отсто.
За разлика од предниот стрес тест во 2014 година, сега EBA не дефинира гранични вредности, при неисполнување на кои одредена банка ќе се смета за пропадната. Побрзо сега требаше да се испита во целина солидноста на бизнис моделите.
Можеби ќе ве интересира
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?




