Големо намалување на новозаболени во Македонија, но има четворица починати
Објавено во: Македонија 13 Април, 2020
Во изминатото деноноќие се потврдени само 26 нови случаи на Ковид 19. Во Скопје се регистрирани само четири, а најмногу има во Куманово - вкупно 11. Останатите се 4 од Тетово, 3 од Прилеп, 2 од Велес и по еден од Кочани и Пробиштип.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 4 пациенти; пациентка од Скопје (79г), пациент од Велес (58г), пациент од Прилеп (67г) и уште еден пациент од Скопје (63г).
Бројот на заболени во земјата се искачи на 854 дијагностицирани пациенти, додека излекувани до сега вкупно се 44. Денеска во Штип се регистрирани 3 оздравени пациенти од Ковид-19, кои со лесна форма на болеста се лекуваа во домашни услови.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.