19 Декември, 2025
0.0483

Големо одложување на истекот на рокот на „Гранит“ за телекомуникациската кула на Водно

Објавено во: Економија 10 Октомври, 2018 07:10

Добивај вести на Viber

Изградбата на антенскиот систем на врвот на Водно за контрола и мониторинг на радиофреквенциите на територија на Македонија, кој треба да биде најскап и најдобар на Балканот, наместо да заврши овој месец, одложен е за повеќе од две години, односно рокот се помести до крајот на 2020 година.

Според наши информции „Гранит“ не успеа да го запази рокот од точно пет години за кој требаше да биде завршен градежниот дел од телекомуникациската кула пред да се прејде на нејзино опремување, а Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) му излегла во пресрет за пролонгирање на изградбата. Тоа веќе поминало и на седница на АЕК.

„Комисијата побара објаснување и за оваа точка од стручните служби, по што беше повикано одговорното лице кое објасни дека, ГД Гранит достави барање за продолжување на рокот на изведба на Антенски систем за контрола и мониторинг на радиофрекфенции на територија на Макеоднија. За продолжување на рокот е побарана согласност, според која ќе се изготви Анекс на основниот договор за продолжување на рокот, согласно новата динамика која е предвидена заклучно со 30.12.2020 година, се вели во записиникот од сосотанокот на комисијата.

За оваа одлука „Фактор“ побара коментар и од Гранит и од АЕК, но не добивме одговор.

Пред пет години по завршување на електронската аукција се постигна цена од 1.084.706.000 денари, по што се избра најповолен понудувач и се склучи договор со „Гранит“ АД Скопје за овој проект кој тогашната опозиција често го критикуваше како непотребен и мошне скап.

Годинава над 156 милиони денари (2,5 милиони евра) се предвидени во буџетот на АЕК за капитални инвестиции, а од нив дури 97 проценти се предвидени за изградба на антенскиот систем за контрола и мониторинг на Водно.

Инаку зимоска од АЕК информираа дека изградбата на кулата оди според планираното, со тогаш изградени 115 метри од предвидените 155 метри. 

- Преостанува да се постави челично решеткастиот столб и антената на врвот. Решеткастиот столб е готов и зависно од временските услови ќе се монтира, а готова е и антената која ќе се постави врз решеткастиот столб. Со тоа ќе биде завршен градежниот дел на кулата. Останува да се постави дополнителната опрема и уредите во кулата. Сето тоа треба да заврши до октомври годинава и кулата, според планираното да биде пуштена во употреба до крајот на годинава - рекоа тогаш од АЕК.

Во кулата ќе се смести антенскиот систем за контрола и мониторинг на радиофреквенциите. Објектот е замислено да се состои и од канцелариски простор и ротирачки ресторан со панорамски поглед на градот.

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар