19 Декември, 2025
0.0653

ГОЛЕМО ПОЕВТИНУВАЊЕ: Годинава – силен пад на цената на нафтата!

Објавено во: Економија 05 Април, 2016 08:41

Добивај вести на Viber

Цената на нафтата значајно ќе се намали годинава. Според новиот, мартовски извештај на Народната Банка, во 2016 година се очекува пад на цената на светските берзи, многу посилен во однос на октомвриските прогнози, пред се поради сеуште големото производство и поголемата понуда на пазарот. Подлабок пад се очекува и на цените на никелот и на бакарот, што дополнително ја влошува состојбата вометалуршката индустрија, од каде веќе алармираа и побараа мерки од Владата. Во 2016 намалување, во 2017 раст на цените на нафтените деривати … Очекувањата за идното движење на цената на нафтата за 2016 година упатуваат на силен пад, за разлика од октомвриската проекција кога беше предвиден мал раст, во услови на сеуште високо производство и презаситеност на пазарот со нафта, како и при натамошна слаба побарувачка. Сепак, постојат обиди за стабилизација на пазарот, при што неколку земји производители на нафта се договорија околу можното замрзнување на производството на нивото од јануари 2016 година“, се вели во Извештајот на НБМ. Во Македонија, последната ценовна корекција се случи вчера, кога Регулаторната комисија за енергетика објави дека бензините поскапуваат за половина денар а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство поевтинуваат за еден денар. Така, новата цена на  Еуросупер од 95 октани изнесува 61 денар по литар , а на Еуросупер од 98 е 63 денари по литар. Според одлуката на Регулаторната комисија, литар дизел од полноќ се точи по 44 денари. Цената на екстра лесното масло за домаќинство се продава по 32,5 денари за литар а се намали и цената на мазутот м-1 .. овие ценовни корекции според регулаторната комисија за енегетика биле резултат на поскапувањето на нафтените деривати на светските берзи во изминатиот 14 дневен период Според новите очекувања на Народната Банка, раст на цените на нафтените деривати се очекува догодина. “Во 2017 година се очекува раст на цените на нафтата, како и во октомври, но посилен, при што се очекува одредена стабилизација на пазарите, главно од страната на понудата, во услови на очекувања за намалено производство од страна на САД“ - се нотира во мартовскиот извештај. Цените на никелот и бакарот – вртоглаво паѓаат... Не само цената на нафтата, надолу оди и цената на никелот и на бакарот, а како причина и натаму е слабата побарувачка а сеуште големите залихи на светскиот пазар. “Најновите оценки за цените на никелот и на бакарот за 2016 година се ревидирани надолу, со што се очекува подлабок пад од очекуваниот во октомвриската проекција во услови на слаба побарувачка на земјите во развој, особено Кина, натамошно зголемено производство и солидни залихи“, се посочува во новите објавени прогнози. Неодамна, бизнисмените од металуршкиот секотор во земјава предупредија и алармираа дека оваа индустрија се наоѓа во тешка состојба токму поради падот на цените на металите предизвикан од намалената побарувачка на светскиот пазар. Од Здружението на металурзи посочија дека производствените капацитети работат со преполовено производство, има намалени нарачки од странство, а од друга страна се оптоварени со високи давачки кон дражавата. Од Владата побараа поддршка, пред се преку привремено ослободување на компаниите од ДДВ. “Металургискиот сектор е сериозно погоден. Во нормални земји вакви ситуации се предмет на сериозни анализи на надлежните органи и наоѓање начини за помош барем додека не бидат надминати состојбите. Работиме на технолошки минимум, со мал процент на искористување на капацитетот, што повлекува високи трошоци, додека многу честото кампањско производство за овој бизнис е погубно“, изјави неодмна претседателот на Здружението на металургија, Митко Кочовски Веднаш по ова испорачано барање, од Министерството за економисја соопштија дека се следат трендовите во металуршкиот сектор, беа најавени состаноци со претставници на компаниите и можност за некоја форма на поддршка, но еден месец по ваквата најава, сеуште нема информација дали е донесена било каква одлука во оваа насока. Црната металургија е прва извозна гранка и се е еден од индустриските сектори значајни за економскиот раст. Поради проблемите со кои се соочува изминативе години, учеството на металуршката индустрија во вкупниот бруто-домашен производ од 5,73 отсто во 2007 година, во 2014 година се намали на 1,36 отсто. Паралелно, се намалува и учеството во вкупниот извоз, кое од 31,5 проценти пред осум години, сега изнесува само 13,2 отсто. Можен раст на цените на никелот и на бакарот се предвидува во 2017 година. “Наспроти тоа, за 2017 година се направени одредени нагорни корекции во споредба со октомвриските проекции во услови на очекувања за намалување на глобалното производство заради стабилизација на цените, сега се очекува дека цената на никелот ќе забележи минимален раст, наспроти претходно предвидениот пад, додека за цената на бакарот се очекува дека ќе забележи помал пад од претходно очекуваниот“, нотира извештајот на НБМ. Тековните очекувања за 2016 година упатуваат на надолни корекции на цените на примарните прехранбени производи во споредба со октомвриските проекции. Д.А.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар