29 Април, 2024
0.0239

Големото значење на Кинеската екoномија

Објавено во: Анализа 27 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Сите се плашат од забавувањето на Кина. Многу држави кои извезуваат во Кина се плашат дека запирањето на големиот змеј ќе значи многу помалку нарачки за нивните економии, а тоа се пред се они кои извезуваат суровини. Многу аналитичари велат дека намалување на растот нема да биде така страшна работа и дека светот ќе успеее да избалансира, сепак доколку намалувањето биде позначително ударот ќе биде многу поголем.

Кина не е најголемата економија во светот гледано номинално. По глава на жител дури е на ниво на нашата земја, така да по оваа категорија и не е некоја сила. Сепак бидејќи растот е огромен, а номинално се многу големи предизвикуваат зголемена маргинална побарувачка на многу полиња. Оваа нова побарувачка, значи многу за целата светска економија.

Овој извонреден график на Дојче Банк го покажува тоа големо значење кое Кина го има за светот:

 

И покрај тоа што Кина учествува со десетина проценти во глобалниот БДП, може да забележите на колку полиња Кина е лидер во глобалната побарувачка.

Половина од целиот бакар во светот го троши Кина.

Пазарот за луксузни добра, кој како што пишува на долната фуснота го сочинуваат накит, часовници, женски чанти, луксузни чевли и сл, е пазар за кој се борат сите светски производители. Скоро една третина од сите луксузни добра се трошат во Кина.

Лидери се и по загадувања и емисија на CO2, ништо чудн со оглед на тоа колку силно се развиваат на база на тешка индустрија и со оглед на тоа дека 19% од светското население се Кинези.

Кинезите се два пати поголеми производители на автомобили од САД, а секој четврти автомобил во светот се продава во оваа најголема земја во светот.

И нормално, благодарение на големиот суфицит, Кина држи 30% од резервите на долари во светот, на тој начин помајќи и на Америка да се финасира преку пресата на Бернанке.

Кина е најголем извозник во светот, знајачно надминувајќи ги САД и Германија кои се на второто и третото место.

Со црвено се полињата на кои нема светска доминација, засега САД сеуште троши најмногу нафта и е најголем узвозник во светот, Кина не е лидер по долгови и јуанот се уште не се чува како резерва валута...засега.

Редакција Фактор