19 Декември, 2025
0.0667

ГОЛФОТ ПОСКАПУВА ЗА 1.500 ЕВРА! - Фолксваген во Германија ги крева цените и за дизелашите и за бензинците, дури ни тие не можат да ја издржат инфлацијата

Објавено во: Економија 21 Февруари, 2023 14:26

Добивај вести на Viber

Фолксваген (VW) ги зголеми цените на своите автомобили со мотори со внатрешно согорување во Германија како резултат на рекордната инфлација.

Од Фолксваген салоните добија информации за поскапување, а во образложението како причина се наведува „значително зголемување на трошоците за набавка на суровини, енергија и опрема“.

Просечната цена на моделите на VW со SUS мотори ќе се зголеми за 4,4 отсто, а тука спаѓаат моделите Golf, Tiguan, Passat вагон, Polo и T-Roc.

Дури ни Фолксваген не може да ја избегне високата инфлација“. Иако даваме се од себе, ефектот на трошоците не може целосно да се компензира“, велат од Фолксваген. Новите цени ќе бидат официјално воведени на 23 февруари.

Цената на основниот модел Поло ќе се зголеми за 905 евра, што значи зголемување од 4,5 отсто. Голфот ќе чини 1.585 евра повеќе или 5,36 отсто. За T-Roc ќе треба да се издвојат дополнителни 1.455 евра или 5,98 отсто повеќе, додека Arteon Shooting Brake сега ќе чини најмалку 42.270 евра или 1.985 евра/4,38 отсто повеќе.

Многу претставништва изразија загриженост за зголемените цени и сметаат дека VW всушност треба да ги „намали“ цените. Еден дистрибутер смета дека поскапувањето е „шокантно“, особено што продажбата веќе опаѓа.

Зголемувањето на цената доаѓа по низа други промени на цените во изминатите 18 месеци. Фолксваген ги зголеми цените за речиси 11 отсто во средината на 2021 и 2022 година.

(Кликс)

Можеби ќе ве интересира

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци