14 Мај, 2024
0.0292

Google и Apple влегуваат во битка на автомобилскиот пазар

Објавено во: Свет 31 Декември, 2013

Добивај вести на Viber

Технолошките гиганти Apple и Google се на пат да ја прошират својата битка за превласт на нов фронт – автомобилите соопштува The Wall Street Journal. За време на претстојното Consumer Electronics Show во Лас Вегас Google и германскиот производител на автомобили Audi ќе прогласат официјално дека работат заедно за создавање на нов вид на уреди и информациски системи, кои ќе се вградуваат во автомобилите, базирани на Android. Покрај тоа гигантите планираат да ги откријат заедничките напори и со други технолошки и автомобилски компании , вклучувајќи го и производителот на чипови Nvidia . Целта на овие партнерства ќе биде создавање на важна технологија која ќе се користи во идните возила. Идејата е на возачите и патниците е да се обезбеди пристап до музика , апликации , навигација и други услуги , слични на оние кои се карактеристични за Smartphones со Android . Овие вести доаѓаат во одговор на започна та кампања за интегрирање на iPhone и други уреди со оперативниот систем iOS во таблите на автомобили. Apple веќе ја ужива поддршката на BMW , Daimler , General Motors и Honda Motor . Apple и Google веќе се натпреваруваат жестоко на пазарот на технологии , од Smartphones и таблети до мобилни апликации. Продажбата на 80 милиони нови автомобили и комбиња секоја година , откриваа сериозна нова можност за наметнување на интернет базиран на софтвер и услуги и во оваа сфера. "Автомобилот станува се повеќе мобилен уред " , тврди Тило Кословски , аналитичар во компанијата за истражување Gartner . Според експертите Apple и Google се обидуваат да најдат сојузници кои ќе им помогнат да ја вградат технологијата во возилата. Годишното настан , познато под името CES , во последниве години стана важно место за откривање на постигнувањата во автомобилската електроника , вклучувајќи ја и технологијата за автономно возење во која удел има и Google . Исто така се очекува Audi да покаже и нови технологии кои им овозможуваат на автомобилите да се движат самостојно во одредени ситуации за краток временски период . Автомобилската компанија ќе открие графика за излегувањето на новите модели во наредните четири или пет години. Ford Motor пак се очекува да го покаже свое автономно возило . BMW исто ги покани медиумите на демонстрациите , поврзани со најнова технологија. Најновите случувања се појавуваат на позадината на трендот се повеќе автомобилски производители да додадаваат и компјутерски чипови на новите модели. Некои од нив , како GM и Audi објавија планови да им овозможат на автомобилите со четвртата генерација мобилни чипови , кои можат да се поврзат со мрежата , без да е потребен паметен телефон . GM пример планираат да овозможат речиси сите модели од 2015 година со помош на технологијата да имаат постојана безжична широкопојасна конекција , тврди Фил Абрам , главен службеник за технологија во компанијата. Во врска со сето ова давателите на технологии се принудени да креираат апликации кои не бараат од возачите да им се одвлекува вниманието , како не го гледаат патот и да не ги држат рацете на воланот . Притисокот за производство на паметни автомобили во меѓувреме ги натера производителите на чипови како Intel и Qualcomm да ги зголемат напорите во насока создавање на уреди погодни за автомобили. Rival Nvidia тврди дека 4,5 милиони автомобили на патиштата, веќе имаат процесори, а прогнозите се дека во наредните четири или пет години уште 25 милиони автомобили ќе се радуваат на новите технологии. K.K.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

Кој е Андреј Белоусов кого Путин го предложи за нов министер за одбрана?

Кој е Андреј Белоусов кого Путин го предложи за нов министер за одбрана?

ОВОЈ ЧОВЕК Е БАНКАРСКА ИНСТИТУЦИЈА: Шеф е на најголемата банка во светот, чувар на глобалната економија и го смета биткоинот за измама

ОВОЈ ЧОВЕК Е БАНКАРСКА ИНСТИТУЦИЈА: Шеф е на најголемата банка во светот, чувар на глобалната економија и го смета биткоинот за измама

РАЗМИСЛУВАТЕ ЗА СЕЛИДБА ВО АМЕРИКА? Ова се цените на куќите во 30 поголеми градови - Њујорк и Лос Анџелес не се најскапи

РАЗМИСЛУВАТЕ ЗА СЕЛИДБА ВО АМЕРИКА? Ова се цените на куќите во 30 поголеми градови - Њујорк и Лос Анџелес не се најскапи