18 Декември, 2025
0.0584

Горбачов: Катастрофална загубата на довербата меѓу Русија и Западот

Објавено во: Свет 10 Јануари, 2015 11:53

Добивај вести на Viber

Последниот претседател на поранешниот СССР, Михаил Горбачов, изјави денес дека во односите помеѓу Западот и Русија настапила „катастрофална загуба на довербата“, како и дека ширењето на НАТО на Исток создало безбедносна закана во Европа. „Ширењето на овој блок на Исток го сруши европскиот безбедносен поредок потпишан во Завршниот акт од Хелсинки од 1975 година“, истакнал Горбачов во интервју за германскиот неделник „Шпигл“, пренесува „Тасс“. Според неговите зборови, тоа е завртување на 180 степени и оддалечување од Париската повелба од 1990 година, која требаше да стави крај на „студената војна“. „Сите предлози од руска страна, како што беше предлогот на Дмитриј Медведев, да се здружат силите и да се работи на нова безбедносна архитектура, се игнорирани. Сега ги гледаме резултатите од таквата пракса“, рекол Горбачов имајќи ги предвид затегнатите односи на Русија и Западот. „Ако во сегашното напнато расположение попуштат нервите на некоја од страните, нема да ја доживееме наредната година“, додал Горбачов. Одговарајќи на прашањето дало може во Европа да започне вистинска војна, Горбачов рекол дека „за тоа не треба ни да се размислува“. „Таквата војна неизбежно би прераснала во атомска“, истакнал тој, пренесува руската агенција. .

Можеби ќе ве интересира

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија