19 Декември, 2025
0.0372

Горивата поевтинуваат за еден денар по литар

Објавено во: Економија 25 Март, 2013 13:43

Добивај вести на Viber

Бензините и дизел горивата од утре поевтинуваат за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,91, односно за 1,36 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 82,5, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 84 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе чини 70, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 58,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,541 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и сега ќе изнесува 42,464 денари за килограм.

Како причина за намалување на малопродажната цена на нафтените деривати од РКЕ ги посочуват за 3,1 отсто пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,96 отсто понискиот курс на денарот во однос на доларот.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар