08 Јули, 2024
0.0278

ГОРИВО ПРЕТУРААТ ВО ТУБИ ИЛИ ВО КАНТИ – шокантни откритија на ревизорите за работењето во претпријатието за одржување патишта

Објавено во: Македонија 05 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Тури, претури, во туби или во канти, без почитување на безбедносни мерки. Вработените во Државни патишта, со горивата се однесувале како со вода, со што го ставаат во ризик и сопствениот и животот на луѓето во околината.

Ова е еден од „поразителните“ заклучочи на Државниот завод за ревизија на работењето на Јавното претпријатие  Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта – Скопје.

Ревизорите откриле многу неправилности во ова претпријатие, од начинот на управување со горивата, нивно складирање, но и на резервната опрема, на резервите со сол...

-  Полнењето на возила со гориво се врши со пумпи, чии мерила подолг временски период не се верификувани. Две Секции Маџари и Гостивар во Подружница Скопје имаат свои подземни цистерни, додека во останатите секции приемот на гориво се врши во т.н. надземни пластични и метални контејнери. При користење на горивото вработените го преточуваат во туби и канти. Од извршениот теренски увид во дел од секциите ревизијата констатира дека овој начин на прием и издавање на гориво овозможува неправилно работење, но и загрозување на безбедноста и здравјето на граѓаните и животната средина, ако се земе предвид дека во една од секциите надземните пластични контејнери просторно се сместени во близина на домаќинстава. Ваквиот начин на функционирање е воспоставен во јавното претпријатие подолг временски период и според надлежните лица се должи на недостаток на простор и финансиски средства за обезбедување на соодветни цистерни – напоменуваат ревизорите.

Ревизорите посочуваат дека утврдиле дека при приемот и издавањето на дел од суровините, материјалите, резервните делови, ситниот инвентар, амбалажата и автогумите се изготвуваат „приемници“ и „издатници‘‘ кои се без сериски броеви, поради што не може да се потврди хронологијата при приемот и издавањето на залихите. Дополнително, во одредени случаи документите за прием и издавање на залихите не се целосно пополнети и потпишани од лицата кои ги примаат и издаваат.

Исто така нагласено е дека за извршување на редовните активности на подружниците ЈП набавува и употребува гориво (дизел, екстра лесно и бензин). Приемот на гориво во постоечките цистерни на ЈП се врши со помош на „мерна летва за мерење на нивото на течност10 “. Со ревизијата констатирале дека не е извршена верификација од страна на надлежна институција или друго овластено правно лице, со цел утврдување и потврдување дека мерилото е во сообразност со пропишаните метролошки услови за верификација, што не е во согласност со член 23 од Закон за метрологијата.

-  Асфалтната база во подружница Штип од септември 2022 година, спроведен од акредитирано инспекциско тело, заклучено е дека има потреба од целосна замена на машинската и електро инсталација на системот за снабдување со дизел гориво и екстра лесно гориво, поради дотраеност на резервоарот, автоматот за точење на дизел гориво, пумпниот агрегат за транспорт на екстра лесно гориво и други состојби, со што не се задоволени стандардите за безбедност и сигурна употреба – укажуваат ревизорите.

Но, тоа не е се. Напротив, утврдиле и дека во несоодветни услови се чувазалихата на сол за  зимското одржување на патиштата, со што истата поради подложност на надворешни влијанија губи од квалитетот и се предизвикува отежнато користење.

Исто така, утврдиле дека вкупните залихи на резервни делови изнесуваат 53.403 илјади денари, при што дел од нив со вредност од 1.368 илјади денари се набавени пред 2018 година и истите до денот на ревизијата не се издадени и употребени, а дел од нив се зголемени.

-  Постои можност дел од овие залихи повеќе да немаат употребна вредност, односно да се технолошко застарени. Имајќи во предвид дека овие залихи cе од подолг временски период, констатиравме дека на крајот на пресметковниот период, не е утврдена  нивната нето реализациона вредност со цел да се определи дали постои разлика помеѓу проценетата продажна и набавна вредност и доколку постои соодветно да се евидентира. Слична состојба е утврдена и кај дел од залихите15 во вредност од 4.922 илјади денари кои се набавени во 2021 година, а кои до крајот на 2022 година не се употребени и за кои во натамошниот период доколку не се користат постои ризик од застарување или намалување на нивниот квалитет  - посочуваат ревизорите.

Како што претходно објавивме, одржувањето на магистралните и регионалните патишта е во опасност поради сериозните финансиски предизвици на Јавното претпријатие.

П.О.

Фото: Архива

Можеби ќе ве интересира

КОЈ Е 42-ГОДИШНИКОТ ШТО ДИЛАЛ КОКАИН НА МОТОР - полицијата го фати, се бара притвор

КОЈ Е 42-ГОДИШНИКОТ ШТО ДИЛАЛ КОКАИН НА МОТОР - полицијата го фати, се бара притвор

Мицкоски со владина делегација во официјална посета на САД

Мицкоски со владина делегација во официјална посета на САД

НА КЛИНИКА ЌЕ СЕ ГРАДАТ ДВЕ МОНТАЖНИ КАТНИ ГАРАЖИ - Таравари вели дека така ќе се обезбедат тројно повеќе места за паркирање

НА КЛИНИКА ЌЕ СЕ ГРАДАТ ДВЕ МОНТАЖНИ КАТНИ ГАРАЖИ - Таравари вели дека така ќе се обезбедат тројно повеќе места за паркирање

Продолжуваат заканите до Васил Стерјовски од Виктор Стојанов

Продолжуваат заканите до Васил Стерјовски од Виктор Стојанов

Д-Р ЧИБИШЕВ ОТКРИ ДЕКА ПАЦИЕНТ ОД СТРУМИЦА БИЛ КАСНАТ ОД ЦРНА ВДОВИЦА - „Браво за колегите, му го спасија животот“

Д-Р ЧИБИШЕВ ОТКРИ ДЕКА ПАЦИЕНТ ОД СТРУМИЦА БИЛ КАСНАТ ОД ЦРНА ВДОВИЦА - „Браво за колегите, му го спасија животот“

„НЕПОСРЕДНО ПО МОЕТО СТАПУВАЊЕ НА ДОЛЖНОСТА, ТРАГИЧНО ПОЧИНА МЛАД ВОЈНИК, ЗАТОА ИМ СЕ ОБРАТИВ НИВ“ - претседателката Давкова со објаснување

„НЕПОСРЕДНО ПО МОЕТО СТАПУВАЊЕ НА ДОЛЖНОСТА, ТРАГИЧНО ПОЧИНА МЛАД ВОЈНИК, ЗАТОА ИМ СЕ ОБРАТИВ НИВ“ - претседателката Давкова со објаснување

ОГРАДАТА ДЕНЕСКА СЕ МЕСТИ ОКОЛУ ВЛАДАТА, ОТКАКО ПРЕТХОДНО БИЛА РЕПАРИРАНА - но вратите на Владата ќе останат отворени за граѓаните

ОГРАДАТА ДЕНЕСКА СЕ МЕСТИ ОКОЛУ ВЛАДАТА, ОТКАКО ПРЕТХОДНО БИЛА РЕПАРИРАНА - но вратите на Владата ќе останат отворени за граѓаните

ЕВЕ КОЈ Е НОВИОТ ДИРЕКТОР НА КИНОТЕКАТА - Бошко Грујоски и претходно директорувал со таа институција

ЕВЕ КОЈ Е НОВИОТ ДИРЕКТОР НА КИНОТЕКАТА - Бошко Грујоски и претходно директорувал со таа институција

МВР СО ДОПОЛНИТЕЛНИ МЕРКИ ЗА ПРОНАОЃАЊЕ НА „ПУКАЧОТ“: Претреси на три локации, задржано лице на информативен разговор

МВР СО ДОПОЛНИТЕЛНИ МЕРКИ ЗА ПРОНАОЃАЊЕ НА „ПУКАЧОТ“: Претреси на три локации, задржано лице на информативен разговор