18 Декември, 2025
0.0417

Горивото најефтино во БиХ и Македонија а најскапо во Грција

Објавено во: Балкан, Економија 08 Јуни, 2015 19:09

Добивај вести на Viber

Оние кои со сопствен автомобил тргнат на море овие денови сигурно ќе ги интересира каде во регионот е најисплатливо да се купува гориво.

Како што стојат работите, ако тргнете кон Јадранот, тогаш би било добро резервоарот да го наполните во Босна и Херцеговина, а ако се упатите кон Грција, тогаш земјата на летување секако треба да ја избегнете и гориво да си обезбедите и за одење и за враќање.

Така во БиХ за литар безоловен бензин и дизел гориво потребно е околу 1,07 евра, а во Грција за бензин требаат околу 1,6 евра, па за полнење резервоар од 40 литри во БиХ требаат околу 42,80 евра, а во Грција околу 64 евра, односно за еден резервоар бензин купен во Грција, во Бих може да се наточи еден и пол.

Кога е во прашање дизел горивото, најповолна е цената кај нас, бидјеќи литар е околу 0,92 евра, а во Грција е најскап и чини околу 1,3 евра, па заштедата при купување 40 литри гориво е 15 евра, бидејќи кај нас таа количина чини околу 36,80 ерва а во Грција околу 52 евра.

Цената на гориво во Србија, слободно може да се каже, си нашла место во средина, кога е во прашање регионот, односно не е ни највисока ниту најниска. За литар безоловен бензин во Србија се потребни околу 1,18 евра, а дизел горивото е околу 1,24 евра. Цената на бензинот е пониска отколку во Хрватска, Црна Гора, Унгарија, Грција, Романија и Словенија, но ова гориво е поскапо од кај нас, БиХ и Бугарија.

Речиси исто како и во Србија литар дизел чини во Хрватска и Словенија, но ова гориво е поефтино да го наточите во Црна Гора, Бугарија, Македонија, БиХ. Имено, во Хрватска литар бензин чини околу 1,34 ерва, додека дизел 1,25 евра, во Црна Гора безоловен бензин чини околу 1,32 евра, а дизел околу 1,17 евра, во Словенија литар безоловен бензин е 1,36 евра, додека за дизел треба да се издвојат 1,25 евра.

Цените на гориво во Унгарија речиси се идентични, бидејќи литар безоловен бензин чини околу 1,20 евра, а дизел околу 1,21 евро, а слично е и во Романија но таму цената е повисока - литар безоловен бензин чини околу 1,30 евра, а дизел околу 1,29 евра. Со Бугарија каде безоловен бензин чини околу 1,12 евра, а литар дизел околу 1,16 евра, цената на бензинот е поповолна кај нас бидејќи литар е 1,14 евра.

Значи, разлики во цените на горивата постојат, па, за оние кои тргаат на пат кон море со автомобил, би било добро пред да тргнат да погледнат колку чини горивото во регионот, бидејќи со паметно точење на резервоарот може доста да се заштеди или остане со помалку пари во паричникот при купување на иста количина од иста услуга.

Заштедата е најголема ако горивото се купува во БиХ или кај нас, па и во Бугарија, а пресметката вели дека може да се заштедат и до дваесеттина евра по резервоар. Тоа не е занемарлива сума и треба добро да се размисли пред да се застане на бензинска, и секако, доколку овие земји се на пат до вашата цел за одмор.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата