19 Април, 2024
0.0335

Горјан Јовановски: Многу општествени проблеми може да решиме со визуелизација на податоци

Објавено во: Македонија, Интервјуа 22 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Мобилните апликации како средство за покренување општествена акција најдобар резултат покажаа со апликацијата Мој Воздух на девелоперот Горјан Јовановски кој гради успешна меѓународна кариера. Сега Горјан ни ја носи новата апликација Мој Миленик која има цел да им помогне на сите сопственици да ги пронајдат изгубените миленици и да служи како платформа за координирање меѓу сите Фејсбук групи кои поставуваат ваков вид на објави и секако сите добронамерни граѓани кои ќе ги видат или најдат изгубените миленици да ги вратат на сопствениците. Затоа со Горјан разговараме колку мобилната технологија може да се употреби за општествено корисни цели.

Фактор: Лансиравте уште една општествено корисна апликација, па така покрај МојВоздух сега е достапна и мобилната апликација МојМиленик. Колкава е потребата од ваква апликација и што се истата им нуди на корисниците

Јовановски: Подолго време размислував на оваа тема, и следејќи ги групите на ФБ кои што се наменети за изгубени/пронајдени миленици, забележав дека тие информации не се централизирани и стандардизирани на едно место. Исто така, потенцијалот за crowdsourcing информации во вакви примени е доста голем, затоа решивме да ја изработиме МојМиленик заедно со Елена Андреева.

Апликацијата дозволува на секој да направи објава за изгубен миленик или пронајден миленик на улица, со што сите корисници на МојМиленик во близина на објавата ќе добијат нотификација за истата. На тој начин сакаме да помогнеме за побрзо враќање на милениците кај сопствениците.

Во следните верзии ќе додадеме и делови за огласи за посвојување миленици, нешто што сакаме да помогне да се стимулира во Македонија.


Фактор: На кој начин се остварува соработката со Фејсбук групите на кои се поставуваат објави за изгубени миленици, како се филтрираат релевантните информации и дали пак, некој може да ја искористи апликацијата МојМиленик за објава дека го изгубил миленикот?

Јовановски: Секако дека може! Апликацијата е наменета да работи заедно со групите, не да ги замени. На апликацијата може да се закачи оригинален ФБ пост за некој изгубен миленик како референца. Со таа опција, се надеваме дека групите за заштита на животните ќе помогнат во креирање објави на МојМиленик.

Фактор: Дали се планира и веб верзија на МојМиленик за десктоп уредите и кои новитети би биле вклучени во техничкото решение?

Јовановски: За сега се фокусираме на мобилната апликација, бидејќи скоро секогаш сме на мобилен, сите имаме смартфон, а доколку сме надвор и најдеме миленик, најлесно ќе биде да се објави преку неа. Секако, имаме линкови за споделување на објавите кои се отвараат во веб верзија.

Фактор: На шега велат дека го „средивте“ воздухот или значително придонесовте да се зголеми ажурноста на граѓаните да ја проверуваат загаденоста, сега ќе им помогнете на сопствениците на домашни миленици, кој е следниот горлив проблем на кој може да се работи со соодветна мобилна апликација?

Јовановски: Според мене, има многу социјални проблеми кои може да се адресираат на ваков начин. Најбитно нешто според мене се податоци, и нивна визуелизација. Тоа го прави МојВоздух, а и МојМиленик. Прекрасни иницијативи може да собираат податоци од граѓаните за секакви подобрувања на општеството од урбан, културен аспект или од страна на животната средина.


Фактор: МојВоздух е убедливо најкористената мобилна апликација во Македонија. Сега приказната продолжува и во регионот, какви се амбициите за иднината на овој успешен пример?

Јовановски: МојВоздух се стреми да биде алатка за подигнување свест кај граѓаните во сите земји со сличен проблем на тој во Македонија, а во исто време да им служи и на активистите како извор на податоци за притисок врз државните институции во нивните земји.

Годинава остваривме успешна соработка со организации во Србија, а со ширењето на МојВоздух во 9 земји (цела Екс-Југославија, Албанија и Грција), се надевам дека тие соработки ќе продолжат и во другите земји.

Фактор: Тешко ли е да се популаризира апликација која е од македонско „производство“, наменета за домашни корисници. Колку има потенцијал во развојот на специјализирани мобилни апликации, се менуваат ли навиките на Македонците со нивните смартфони во овој аспект?

Јовановски
: Македонија е прекрасен мал пазар за тестирање на идеи кои понатаму може да се успешни на глобален пазар. Токму бидејќи го познаваме добро нашиот пазар, може да се тестираат и подобруваат концепти, пред тие да бидат применети надвор.

А навиките дефинитивно се менуваат кај луѓето, но мора мобилната апликација да има причина некој да ја користи. Имаме само 24 часа во денот, 8 од тие на работа, 8 во кревет, што значи само 8 остануваат во кои мобилните апликации треба да им го привлечат вниманието на луѓето, и тука е најголемата борба. Апликацијата треба да е корисна, лесна и да има поента зошто човек повторно би ја отворил, во спротивно други апликации ќе го заземат времето на корисникот.

Фактор: Што е следно лично за вас, кои професионални предизвици сакате да ги реализирате, веќе сте препознатлив девелопер на мобилни апликации, општествено активен и постојано со нови идеи за наоѓање на решение, што најмногу ве мотивира?

Јовановски
: Мојата мотивација доаѓа од тоа дека знам дека можам да го променам општеството без да чекам на некој друг да помогне на тоа поле. Соработката е многу битна, и со граѓанските организации и со државните институции, но често сме навикнати да чекаме други да ни ги решат проблемите.

Јас сметам дека секој може да направи голема промена, доколку доволно време, труд и љубов се вложи во тој напор. Мит е дека немаме доволно време, еве јас успевам повеќе проекти да водам и сепак да ги правам сите дневни обврски (работа, социјален живот, фитнес), така да ги предизвикувам другите да го тргнат настрана тој мит и да се обидат да започнат или да се вклучат во некој општествено одговорен проект.


Х.С.

Можеби ќе ве интересира

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време