19 Декември, 2025
0.0647

Гошев: Јавниот долг расте, нема простор за нови задолжувања!

Објавено во: Економија 03 Март, 2013 12:17

Добивај вести на Viber

Петар Гошев, поранешниот Гувернер на Народна Банка, во неделното интарвју за Радио Слободна Европа уште еднаш предупреди дека растот на јавниот долг се зголемува и задолжувањето од страна на држаните органи станува се понеодржливо. „Во овој момент начинот на кој се задолжува Македонија, темпото со кое се задолжува, особено последните 2-3 години е неодржливо. Самиот јавен долг исто така како големина е манипулиран од страна на власта, не е целиот вистински реално искажан. На страницата на Министерството за финансии се искажува само долгот на централната влада, тоа е директното задолжување на буџетот на Република Македонија и на јавните републички фондови. Тоа не е целиот јавен долг. Долгот на општините, долгот на јавните претпријатија, долгот на македонска банка за поддршка на развојот, долгот на централната банка. Долгот и на централната власт не е реално искажан, заради тоа што таму го нема долгот што владата го прикрива овие 2-3 години, а се однесува на неизмирени, во рамките на законските рокови, обврски на владата кон приватни приватниот сектор по основ на договори што ги направила со приватниот сектор и по основ на законот за враќање на данокот на додадена вредност. Такво однесување имаа некои држави во последните децении и тие ја плаќаат денеска цената за тоа“, вели Гошев. Според него, просторот за нови задолжувања е речиси исцрпен, а не е исклучена можноста земјава да се соочи грчкото сценарио, посочува тој во интервјуто.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар