16 Декември, 2025
0.0996

ГОСТИВАРСКА ФИРМА ЗА МАЛОПРОДАЖБА И УВОЗ ДОБИ ДВА МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИПАРД ПРОГРАМАТА - ќе градат фабрика за преработка на овошје и зеленчук

Објавено во: Економија 26 Јули, 2022 07:25

Добивај вести на Viber

Гостиварската компанија Монтенегро ДОО на почетокот на јуни добила сума од над два милиони евра државни пари.

Поточно, како што говори владиниот сајт за транспарентност Отворени финансии, таа компанија на 3 јуни годинава добила 133 милиони денари или 2,16 милиони евра.

Станува збор за исплата направена од Платежната агенција, односно од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој, направена на 3 минатиот месец.

Со тоа гостиварската компанија избива на прво место меѓу компаниите кои добиле средства од државата, а кои порталот Отворени финансии ги објавува со цел јавноста да има увид за тоа каде поединечно за секоја ставка завршуваат државните пари.

Од Платежната Агенција велат дека овие средства се исплатени од ИПАРД програмата, на компанијата.

„Средствата се одобрени од ИПАРД програмата за изградба и опремување на преработувачки капацитет, за овошје и зеленчук“, објаснуваат од Платежната агенција.

Инаку, како што стои во нивната објава на интернет, Монтенегро е приватна семејна компанија која е основана во далечната 1963 година во Република Црна Гора.

Всушност, се почнало во 1963 година, кога Војин Пејчиновски и неговата желба да си направи нешто свое, почнал со кори за пита и корнети за сладолед, па со првиот гостиварски маркет, а се продолжило со увоз на храна, па мебел, па млекарница...

„Во 1988 година со отварањето на првиот маркет во Гостивар својот капитал го префрла во Македонија и е една од ретките македонски компании кои можат да се пофалат со долгогодишна семејна традиција, квалитет, посветеност, и иновативност која трае повеќе од 50 години.

Монтенегро е компанија која се состои од два успешни сектори: малопродажба на прехранбени производи во која со своите 6 маркети лоцирани во Гостивар повеќе од 30 години се грижи за своите купувачи; и увоз и дистрибуција на прехранбени производи од повеќе од 30 реномирани европски брендови.

Како корпорација денес Монтенегро вработува повеќе од 220 вработени и е најголем приватен вработувач во Гостивар. Благодарение на сите тие вработени, денес Монтенегро има одличен тим со кој континуирано напредува во своите дејности“, стои на профилот на компанијата.

Инаку, Монтенегро ДОО Гостивар влегува и во редот на 200 најголеми компании според висината на приходите, или практично го држи 150 место, со приход од над 21 милиони евра.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи