ГОВОРОТ НА АЛБАНСКИ ВО БРИСЕЛ ЈА ПРЕЛИ ЧАШАТА: Поднесена интерпелација за Талат Џафери
Објавено во: Македонија 05 Јули, 2021
Левица и ВМРО-ДПМНЕ поднесоа интерпелација за собранискиот претседател Талат Џафери, затоа што тој говореше на албански јазик пред Комитетот на министри на Европскиот парламент (ЕП) во Брисел.
Интерпелацијата воедно е и поради кршење на ковид-протоколите на седницата кога двајца пратеници од мнозинството дојдоа во скафандери за да гласаат за економските мерки, а притоа беа позитивни на коронавирусот.
Пратеникот од Левица, Димитар Апасиев изјави дека интерпелацијата е поднесена поради три главни причини.
„Повреда на Амандманот V од Уставот на РМ, преку неупотреба на македонскиот јазик во излагањето на Џафери пред Комитетот на министри на Европскиот парламент, како единствен службен јазик во меѓународните односи на Републиката, свесно и злонамерно истиснување на македонскиот јазик од интерната употреба во парламентот, преку противуставно, противзаконско и противделовничко доставување само на двојазични материјали за сите пратеници (на македонски и на албански јазик), а не само за оние пратеници кои говорат друг јазик во службена употреба, различен од македонскиот и повреда на Протоколот и Дополнението на протоколот за организирање седници во услови на коронакриза, кога спикерот- правејќи кривично дело- дозволи двајца позитивни пратеници на Ковид-19 да гласаат во скафандери во Собранието на РМ, свесно загрозувајќи го здравјето на сите останати пратеници“, рече Апасиев.
Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова истакна дека има многу причини за интерпелација.
„Џафери не отиде во Европскиот Парламент како граѓанинот Џафери туку отиде како Претседател на Собранието и тоа исто така можеби пред да замине требаше да го прочита членот 2, став 2 од Законот за употреба на македоснкиот јазик според кој употребата на македонскиот јзик као службен јазик е право и должност на сите граѓани на Република Македонија, а замислете што значи оваа одредба за Претседател на Собранието. Затоа што тогаш тој е должен да се држи до Уставот и законите. Исто така го прекрши членот 6, став 1, алинеја 5 од законот, во која заштитата, унапредувањето и збогатувањето на македонскиот јазик ја опфаќа и неговата афирмација во светот“, вели Силјановска Давкова, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието.
Таа додаде дека Џафери го изложи на подбив македонскиот народ, и ова е кривично дело кое е санкционирано според членот 179 од Кривичниот законик.
Џафери пред Комитетот за надворешни работи, во рамки на Самитот „Европски парламент – Западен Балкан“ зборуваше на албански јазик.
Според Уставот, македонскиот јазик е службен јазик на државата во меѓународната комуникација.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.