17 Декември, 2025
0.0565

ГПРС систем во касите, сонце на сметките: трговците задоволни од новините во готовинскиот промет

Објавено во: Економија 24 Јуни, 2013 19:47

Добивај вести на Viber

Новите измени кои од 1 јануари стапуваат во сила и со кои задолжително станува користењето фискален систем за регистрирање на готовински плаќања, значат и спас од  нелојалната конкуренција. Ваков е ставот на големите трговци кои истакнаа дека целосно го поддржуваат новото решение. Тие денеска побараа Министерството за финансии са се изјасни дали ќе може и понатаму да се употребуваат веќе вградените софтверски решенија со кои сега се следи прометот, или ќе им треба нов софтвер што пак значително ќе ги зголеми нивните трошоци.

Како што истакна Никола Начовски, генерален менаџер на „Тедико Супер“ Скопје, потребните софтвери трговците ги вградија уште пред 7 години кога се носеше законот за купување македонски производи.Тој побара да се дозволи нивно понатамошно користење бидејќи еднаш веќе се платени од компаниите.

„ Втората наша иницијатива е, наместо на секоја каса, GPRS уред да се вгради на локалните сервери кои ги поврзуваат сите каси. Така, од едно место би се контролирало целото готовинско плаќање“, побара Начовски.

Со новините во Законот за регистрирање готовински плаќања,  даночните обврзници со промет над 10 милиони денари годишно, ќе треба да воведат фискален систем до 31 март 2014, а останатите до 30 јуни 2014. Исто така се предвидуваат враќање на т.н. патриотски фискални сметки со македонско сонце, мерка која не даде некои позначителни резултати кога беше воведена во 2008-та.

За Митко Митевски од Здружението на трговија при Стопанската комора, генерално, задолжителниот фискален систем за регистрирање на готовински плаќања ќе создаде услови за фискална дисциплина во услови кога во структурата на вкупниот промет во трговијата на мало, готовинското плаќање учествува со околу 90 отсто.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години