29 Септември, 2024
0.0274

Град Скопје ги доби владините 5,2 милиони евра за инвертерите, ваучерите „ќе бидат“ наскоро

Објавено во: Македонија 30 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Помина и јануари, а ветените владини ваучери за набавка на инвертери, уште ги нема. И нема ни прецизен одговор од надлежните кога ќе дојдат во рацете на граѓаните. 

Она што е ново, е дека Владата на последната своја седница донела решение за формирање на комисија, што ќе го следи спроведувањето на таа владина еколошка мерка. А добро е позната черчиловата „ако не сакаш да го решиш проблемот, тогаш формрај комисија“. Ќе видиме дали така ќе испадне и во овој случај, и дали барем последните два месеци во кои се затоплуваат домовите, граѓаните ќе успеат да дојдат до ветените ваучери. 

Првичното ветување на Владата беше дека ваучерите за купување на овие уреди ќе стигнат на средината на јануари, откако, пак, претходно тоа се најавуваше за до крајот на минатата година. Од друга страна, зимата е во полн, а загаденоста на воздухот им создава сериозни проблем на граѓаните. 

Електрани на Северна Македонија уште во декември си ја исполнија задачата и ги префрлија 10-те милиони евра за ваучерите во државниот буџет, но тие пари дури сега стигнуваат кај општините.

Од Владата за Фактор велат дека сите правни нејаснотии биле расчистени, парите кај општините се дадени, и понатаму тие ќе ја туркаат мерката.

„Расчистени се сите правни дилеми, пренесени се финансиските средства до општините, а тие со своја програма ќе ги определат зоните и ќе овозможат имплеметација на проектот за клима инвертери“, објаснуваат од Владата.

Во другиот дел од одговорот само го повторуваат соопштението испратено по завчерашната седница, а тоа е дека ќе се формирала централна Комисија, како и дека ги задолжила министерствата за животна средина, за економија и за информатичко општество, како и Канеларијата на вицепремиерката за економсмки прашања, да именуваат по еден член и заменик за таа комисија, а тоа им било препорачано и на ЕСМ. Во комисијата ќе членуваат и претставници од еколошките здруженија.

„Сите тие се задолжени за постојана контрола и мониторинг на целиот процес на имплементација на оваа мерка. Постапката е во тек, за следните чекори јавноста навремено ќе биде информирана“, гласи владиниот одговор. 

Од Град Скопје велат дека веќе ги добиле владините пари, и тоа точно 5,2 милиони евра. Тоа значи дека повеќе од половината од вкупно предвидените пари за ваучери за инвертери, ќе завршат кај 5.200 скопјани. 
Тие пари веќе се префрлени на посебна наменска сметка на Град Скопје. Вчера на седница на градот, со ребаланс средства се прифатени и се прават подготовки за распишување на повикот за инвертерите.

„Станува збор за проект базиран на одлука на Владата на РСМ, донесена на крајот на 2019 година, со која беа одобрени и префрлени на посебна наменска сметка на Град Скопје 322,4 милиони денари. На денешната седница на Совеотт на Град Скопје беше донесена одлуката за ребаланс, со која се прифатени средствата, а во моментов се вршат подготовки за распишување на повикот за доделување на субвенции. Со оваа мерка граѓаните ќе можат да аплицираат за ваучер со максимален износ од 60.000 денари, за набавка на инвертер клима уред за затоплување, а истиот ќе се однесува за домаќинствата што користат дрва или фосилни горива за греење, а не се опфатени со централното греење во Скопје или со гасоводната мрежа во оние градови каде веќе е почната гасификацијата“, велат за Фактор од Град Скопје.

Оттаму потсетуваат дека самиот Град Скопје веќе две години доделува субвенции за граѓаните за инвертери. 

„За граѓаните кои набавија клима инвертер, а претходно се грееле на дрва, јаглен или нафта, Град Скопје надоместува 50 отсто од вредноста на инвертерот, но не повеќе од 15.000 денари, со вклучен персонален данок на доход. Во 2019 година беа доделени 1.379 субвенции за купување инвертери“, велат од Град Скопје. 

Инаку, ЕСМ од Владата се задолжени да обезбедат јавна кампања, преку која населението ќе биде информирано за акцијата.

„Ние сме во тек на избор на субјект кој ќе ја изработи кампањата, а податоците ќе им бидат дадени од наша страна, од институциите, од Министерството за животна средина и слично“, изјавија неодамна од ЕСМ за Фактор.

Ваучерите треба да се на износ од 1.000 евра, односно толку пари ќе добие секое семејство кое ќе купи инвертер и со него ќе ја замени печката на огревно дрво. Владината мерка предвидува 10 илјади семејства од Скопје, Тетово, Битола и Кичево да добијат вакви субвенции. Предност ќе имаат домаќинства со ниски приходи. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“