Град Скопје ќе прави депонија за хаварисани возила во Драчево
Објавено во: Македонија 30 Септември, 2020
Советот на Град Скопје донесе одлука за масовно отстранување на хаварасани и нерегистрирани возила од јавнит површини на територијата на главниот град, а за истите е пронајден плац во Драчево..
Сите хаварасина возила од општините Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари кои се дел од оваа меѓуопштинска соработка ќе бидат отстранети со помош на општина Центар, односно пајак службата на ПОЦ.
Градот изминатите две години беше во процес на изнаоѓање на една слободна локација (плац) за дислоцирање на сите хаварисани возила на територија на главниот град и за трајно решавање на овој проблем.