26 Ноември, 2024
0.0291

Град Скопје потроши повеќе од 700,000 евра и се уште не може да ја добие, Маројевиќ ја бара топловодната мрежа што побргу

Објавено во: Економија 03 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Александра Маројевиќ. директорката на АД Градски енергетски системи, инаку друштво формирано од Град Скопје и со поддршка од Владата, бара од Регулаторната комисија за енергетика но и од останатите државни инстанци претпријатието побргу да ја добие потребната лиценца за работа со топловодната мрежа која инаку во моемнтов е во сопственост на Балкан енерџи груп.

Градското претпријатие две години по ред работи без никакви приходи, но дели плати за своите вработени. Маројевиќ вели дека сите се искусни стручњаци, но нивната работа не може да вроди со плод, затоа што во моментов е неизвесно дали ГЕС ќе ја добие лиценцата од Регулаторна комисија за енергетика за да ги загрева преку градската мрежа домаќинствата во Карпош, Центар, Кисела Вода, Чаир, Аеродром, Бутел и Гази Баба. Град Скопје, кој е на иста линија со нејзините размислувања, до сега за да го одржи друштвото потрошил 737.800 евра.

„АД ГЕС-СКОПЈЕ смета дека сите услови за добивање на лиценца, односно за одземање на лиценцата за дистрибуција на Дистрибуција БАЛКАН ЕНЕРЏИ се исполнети од 14.10.2019 година кога е поднесено барањето за лиценца до РКЕ на РСМ. АД ГЕС-СКОПЈЕ е единствено правно лице кое има востановено трајно право на користење на недвижни ствари - линиски инфраструктурни објекти, енергетска инфраструктура -топловоди во сопственост на Република Северна Македонија коишто се наоѓаат на подрачјето на град Скопје. Со тоа носителот на лиценцата за дистрибуција на топлинска енергија Дистрибуција БЕГ повеќе не ги исполнува условите за вршење на енергетската дејност дистрибуција на топлинска енергија за која е издадена лиценца“, вели Маројевиќ.

Таа смета дека и двете мрежи - онаа на Скопје Север и таа со која сега управува БЕГ се во сопственост на државата и двете се дадени на трајно користење со Одлука на Владата на Град Скопје, односно на АД ГЕС-СКОПЈЕ. Регулаторна комисија за енергетика, според директорката на ГЕС, ја игнорира оваа владина одлука.

АД ГЕС-СКОПЈЕ до Управниот Суд Скопје во законски рок поднело тужба против решението на РКЕ но до денес се уште не е донесена пресуда. Маројевиќ вели дека единствен аргумент на БЕГ засега е дека лиценцата им е во траење од 35 години, но при тоа таа вели дека истата лиценца може да се одземе доколку не се исполнуваат условите и доколку била добиена спротивно на законски постапки. 

„Правото на трајно користење на топловодната дистрибутивна мрежа во градот Скопје која е сопственост на РСМ го има АД ГЕС-СКОПЈЕ, друштво оформено од Градот Скопје кое е во целосна негова сопственост. Ова право е запишано во 24 имотни листови за топловодната дистрибутивна мрежа од Агенцијата за катастар на недвижности – Скопје во постапка целосно водена според позитивни законски норми и исполнет е условот АД ГЕС-СКОПЈЕ да добие лиценца за дистрибуција на топлинска енергија.

Сите реализирани постапки од надлежните институции во процесот на легализација и Одлуката на Владата за давање на трајно користење на топлификациската мрежа која е сопственост на РСМ на трајно користење на Град Скопје е во согласност со позитивните законски норми, за што од неодамна има и потврда во Пресудата на Управниот Суд Скопје по тужбата од Дистрибуција БЕ поднесена против Агенцијата за катастар на недвижности на РСМ“, вели Маројевиќ, за која е спорен и договорот помеѓу БЕГ и Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор.

Таа вели дека топловодната дистрибутивна мрежа географски му припаѓа на градот и до 2014 година Градот Скопје со сопствени средства има изградено околу 15 километри примарна и секундарна мрежа за што поседува целосна техничка и финансиска документација. 

За тоа дали во позадина се работи за скриени интереси и надворешни влијанија кои не дозволуваат да се превземе градската дистрибутивна мрежа од БЕГ и да се започне со ефективна работа, Маројевиќ вели дека прашања се во доменот на политиката и треба да се постават кај соодветните луѓе.

Една од придобивките за граѓаните би била тоа што инаку АД ГЕС- СКОПЈЕ ќе обезбеди иста цена за топлинска енергија и ангажирана моќност за сите потрошувачи по категории приклучени на топловодната дистрибутивна мрежа, независно во која општина и населба живеат или ја остваруваат својата дејност, ќе спроведува мерки за намалување на аерозагадувањето во градот кое е последица од затоплувањето на објектите на среден рок, преку развој и проширување на топлификационата мрежа, давање субвенции за приклучување, подобрување на енегетската ефикасност на објектите и намалување на потрошувачката на енергија  преку регулација,

- АД ГЕС-СКОПЈЕ ќе има изменет пристап кон корисниците во кој приоритети ќе бидат зголемување на бројот на приклучени корисници, развојот на мрежата и рационализирањето на трошоците и инвестициите, наспроти максимизирањето на профитот и креирање на модели за справување со енергетската сиромаштија, Ќе обезбеди поголема транспарентност и контрола на граѓаните на град Скопје врз управувањето, одржувањето и проширувањето на дистрибутивниот систем за топлинска енергија, како што е тоа тренд во повеќе европски земји. Ќе побараше од РКЕ намалување на тарифата за дистрибуција за 12 отсто, додава Маројевиќ.

РКЕ: ПРОБЛЕМОТ Е ВО ДОГОВОРОТ СО АДСДП

Од „Регулаторна“ пак велат дека станува збор за комплексен правен процес кој ги засега аспектите за утврдување на носителот на правото на користење на топловодната дистрибутивна мрежа на Град Скопје и  статусот на договорот  помеѓу БЕГ и Акционерско друштво за изградба и стопанисување со станбен и  деловен простор.

- Пренесување на правото на користење на топловдната мрежа, нема непосредно дејство на самото постоење на склучениот договор, што истото автоматски не претставува престанување на постоечкиот Договор за регулирање на меѓусебните односи во врска со користењето на топловодната дистрибутивна мрежа во Скопје од 31 декември 2012 година помеѓу АДСДП и БЕ Дистрибуција.

Ве информираме дека до Регулаторната комисија за енергетика сеуште не е доставен релевантен доказ дека е раскинат Договорот за регулирање на меѓусебните односи во врска со користењето на топловодната мрежа (број 18-15756/1 од 31 декември 2012) година помеѓу АДСДП и БЕ Дистрибуција, како би се пристапило кон поведување на постапка за одземање на лиценцата на БЕ Дистрибуција. Од друга страна, АД ГЕС Скопје има поведено управен спор против Решението за прекин.

По разрешувањето на управниот спор, Регулаторната комисија за енергетика ќе ја продолжи постапката, односно ќе донесе соодветна одлука по барањето за издавање на лиценца на АД ГЕС Скопје, ни рекоа од РКЕ.

Од таму додаваат дека за да се одземе лиценца на постојниот оператор потребно е да се утврди дека носителот престанал да ги исполнува условите за вршење на енергетската дејност. Откако ќе биде донесена одлука за одземање на лиценцата, Владата на Република Северна Македонија треба да спроведе постапка за јавен повик и да избере вршител на енергетска дејност којшто ќе има обврска за обезбедување на јавната услуга.

АДСДП ЧЕКА НАСОКИ ЗА ПРИМОПРЕДАВАЊЕ

Според договорот кој го имаат БЕГ и АД за стопанисување со станбен и деловен простор, за правото на користење на топловодната дистрибутивна мрежа, предведено е  компанијата  да исплаќа 50.000 евра годишно по основ на оперативен наем. Дополнително, компанијата е должна  на свој трошок да инвестира во  одржување и подобрување на мрежата.

Додека од РКЕ велат дека на патот на ГЕС стои договорот на БЕГ со АДСДП, од претпријатието за стопанисување со станбен и деловен простор тврдат дека чекаат само „понатамошни насоки за примопредавање со новиот корисник на мрежата“, без да наведат од кого ги чекаат.

- Со одлука на Владата  на 30 јули 2019 година, Град Скопје ја доби на трајно користење топловодната мрежа во Скопје со која треба да управува новоформираното претпријатие за дистрибуција на топлинска енергија и гас Градски енергетски системи (ГЕС). АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор од значење за Републиката чека понатамошни насоки за примопредавање со новиот корисник на мрежата, гласи одговорот кој го добивме од АДСДП.

Александар Кузмановски

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ДОЛАРОТ ОТФРЛЕН: Русија и Иран започнаа со меѓусебна трговија само со национални валути

ДОЛАРОТ ОТФРЛЕН: Русија и Иран започнаа со меѓусебна трговија само со национални валути

РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвара во четири земји, но не во Македонија

РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвара во четири земји, но не во Македонија

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Доскорешниот генерален секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, станува претприемач

Доскорешниот генерален секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, станува претприемач

СЕ ВРАЌАЛА ДОВЕРБАТА НА ИЗВЕДУВАЧИТЕ КОН ИНВЕСТИТОРОТ: Трајановски кажа што сѐ се работело за да напредне работата на автопатот Кичево-Охрид

СЕ ВРАЌАЛА ДОВЕРБАТА НА ИЗВЕДУВАЧИТЕ КОН ИНВЕСТИТОРОТ: Трајановски кажа што сѐ се работело за да напредне работата на автопатот Кичево-Охрид

КОЈА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ ETIAS И ВИЗИТЕ: Еве што е подобро

КОЈА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ ETIAS И ВИЗИТЕ: Еве што е подобро

ТРАМП ПОДГОТВУВА ЕНЕРГЕТСКИ УДАР! Зголемување на производството на нафта, забрзување на извозот на ЛНГ и укинување на регулативите за климата веднаш по преземањето на функцијата

ТРАМП ПОДГОТВУВА ЕНЕРГЕТСКИ УДАР! Зголемување на производството на нафта, забрзување на извозот на ЛНГ и укинување на регулативите за климата веднаш по преземањето на функцијата

„ЌЕ СЕ РАБОТИ 3,5 ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА И ЌЕ СЕ ЖИВЕЕ 100 ГОДИНИ“: Шокантно предвидување на ЈП Морган

„ЌЕ СЕ РАБОТИ 3,5 ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА И ЌЕ СЕ ЖИВЕЕ 100 ГОДИНИ“: Шокантно предвидување на ЈП Морган

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво