05 Декември, 2025
0.0813

Градежен инвеститор му ја урна куќата на Владо Малески, авторот на македонската химна, СДСМ бара одговорност

Објавено во: Македонија 16 Октомври, 2025 12:24

Добивај вести на Viber

СДСМ излезе со реакција дека ВМРО-ДПМНЕ и министерот за култура Зоран Љутков се директно одговорни за рушењето на домот на Владо Малески, авторот на македонската химна,од страна на градежен инвеститор во Струга.

„Бруталното рушење на домот на Владо Малески во Струга не е изолиран инцидент, тоа е резултат на системска незаинтересираност, институционална парализа и политичка неодговорност на власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Управата за заштита на културното наследство, која е должна по службена должност да реагира и превенира вакви уништувања, молчи и не презема ништо. Дали затоа што рушителите се блиски до власта? Или затоа што институциите се ставени во служба на политичките и бизнис интереси на ВМРО-ДПМНЕ и нивната тајна коалицијата со ДУИ?

Министерот за култура, Зоран Љутков, наместо да го брани културното наследство, се занимава со партиска кампања и самопромоција. Во време кога се брише споменик на македонската културна меморија, Љутков не излезе со ниту едно јавно соопштение, ниту најави конкретна постапка. Тоа е срам за институцијата Министерство за култура!

Владо Малески не е само име од учебник ,тој е авторот на текстот на македонската химна, дел од нашата државност и културен идентитет. Рушењето на неговиот дом е удар врз македонската култура, меморија и достоинство“,реагира СДСМ.

СДСМ бара итна и целосна истрага за случајот, одговорност од Управата за заштита на културното наследство, оставка од министерот Љутков поради неделувањеи итна реставрација и заштита на објектите со историско и културно значење во Струга.

„Ова што се случува не е само правен, туку цивилизациски пад. Владата на ВМРО-ДПМНЕ покажува дека нема визија, ниту почит кон сопствената држава и нејзините симболи.

СДСМ, заедно со граѓаните на Струга и со целата културна јавност, ќе се избори овој срам да не остане неказнет. Никој нема право да ја руши историјата на Македонија!“,се додава во реакцијата.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија