19 Декември, 2025
0.0611

ГРАДЕЖНА ИНДУСТРИЈА: Ќе продолжи ли доминацијата на „Бетон“ и „Гранит“?

Објавено во: Економија 25 Март, 2016 08:03

Добивај вести на Viber

Двете најголеми градежни компании „Гранит“ и „Бетон Скопје“ имаат раст на нето добивките благодарение на финансиски приходи! Ако се гледа оперативната добивка и двете фирми имаат послаби резултати во основната дејност во однос на 2014 година. Приходите од продажба пак се малку зголемени на вкупно 96,3 милиони евра. Македонската градежна оператива лани работела со профитна маргина што изнесува 2,15 отсто просечно, покажуваат податоците за двете најголеми македонски градежни компании „Гранит“ и „Бетон Скопје“. Оперативната добивка кај „Бетон Скопје“ е 1,8 отсто од приходите од продажба, а кај „Гранит“ тој сооднос е подобар и изнесува 2,5 отсто. Ако се упросечи за двете компании кои доминираат на нашиот градежен пазр тогаш проифтната маргина во просек изнесува 2,15 отсто. Ова се податоци што се достапни во билансите на двете македонски најголеми градежни компании кои ангажираат најмногу работници во тој сектор и кои заедно лани имале приходи од продажба во износ од 96,4 милиони евра односно 5,944 милијарди денари. Заеднички именител и за двете најголеми домашни градежни компании е тоа што своите добивки ги пумпаат со екстра финансиски приходи и тоа што доминантни, а кај „Бетон Скопје“ и исклучива приходна ставка е домашниот пазар. Нето добивките за 2015 година и кај двете компании во голема мерка се разликуваат од оперативните добивки кои се показател за нивното работење во годината. Кај „Гранит“ нето добивката е за 140 милиони денари поголема од оперативната добивка и тоа благодарејќи на финансиските приходи. Кај скопски „Бетон“ таа разлика е многу помала, но е значајна и изнесува 41 милион денари при што нето добивката е 91,1 милиони денари. Благ раст бележат приходите од продажба и кај двете компании. Кај „Гранит“ тие пораснале за 4 отсто до 3,164 милијарди денари, а „Бетон“ бележи раст од 6 отсто до износ од 2,78 милијарди денари.  Кај „Бетон“ домашниот приход е 100 отсто од целиот приход од продажба, а кај „Гранит“ е 90 отсто од целата продажба. Оперативните расходи и кај двете компании се повисоки од нивните приходи од продажба. Кај „Бетон“ тенденцијата е пад од 2 отсто во однос на 2014 година до ниво од 3 милијарди денари, а кај „Гранит“ пораснале за 7 отсто до износ што надминува 4 милијарди денари. Ова значи дека нивните стимулации за сродните индустрии и контракторите надминуваат 7 милијарди денари кои се книжени како трошок. Податоците покажуваат дека и двете фирми имаат големи суми побарувања од коминтенти. „Гранит“ побарува 2,72 милијарди денари што е 12 отсто помалку од 2014 година, а „Бетон“ има 1,588 милијарди денари што е 3 отсто повеќе од 2014 година. Обврските на „Гранит“ на крај на 2015 година изнесувале 4,91 милијарди денари, намалени се за 4 отсто, но ја надминуваат главнината за над 500 милиони денари. Кај „Бетон“ тој сооднос е во корист на главнината која изнесува 2,12 милијарди денари, а обврските се покачени за 5 отсто до 1,99 милијарди денари. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар