05 Декември, 2025
0.0335

Градежниците советуваат, како до поевтино греење?

Објавено во: Македонија 18 Октомври, 2013 08:06

Добивај вести на Viber

Изграден е првиот станбен комплекс во Македонија,  општина Аеродром-Скопје од А-КЛАСА, подготвен за енергетски пасош, уште пред негово воведување во Македонија. Ќе штеди многу енергија.

Како лидер во градежништвото во Македонија кој постојано ги применува современите иновации во високоградбата за побезбедно, поквалитетно и долгорочно поекономично домување, Адора Инженеринг се претстави на саемот за иновации Макинова во рамките на Технома 2013 во Скопје. Според генералниот директор проф. д-р Ванчо Чифлиганец, градењето дом во кој треба да живеат повеќе генерации е премногу сериозна и одговорна работа, во која не се дозволени импровизации, поради што стручниот тим на Адора Инженеринг акцентот го става на геомеханичката стабилност и  врвната асеизмичка сигурност на објектите, на нивниот квалитет со примена на најновите технолошки решенија и светски стандарди и на изградба на енергетски ефикасните домови, кои компанијата ги воведе во Македонија и постојано ги усовршува.

Стручниот тим на Адора, поткрепен со изјави, истражувања и мислења на афирмирани експерти, како иновативни продукти ги претстави подобрувањето на геомеханичката стабилност на тлото кај станбениот објект Билјанини Извори во Охрид што со бонификација се искачи на 100 Мpa, научната потврда на врвната асеизмичка стабилност за прв пат во самостојна Македонија со „вештачки земјотрес“ со јачина од 5,5 степени по Европската макросеизмичка скала, кој не остави никакви оштетувања на станбена десеткатница во комплексот „Адора“ во Ново Лисиче-Скопје и изградбата на првиот станбен комплекс во Македонија,  општина Аеродром-Скопје од А-КЛАСА, подготвен за енергетски пасош, уште пред негово воведување во Македонија.

Со ѕидање со керамички блок со ниска топлинска спроводливост, специјално произведен за Адора, со новиот третман на фасадата, ПВЦ столарија од најновата генерација на Rehau-Geneo Fipro и добра изолација на градежните конструкции со 10 cm графитен стиропор, новиот  енергетски ефикасен објект во Скопје ги надминува сите барања на Правилникот за енергетски карактеристики на згради во Македонија. Објектот на станарите ќе им троши 6 пати помалку енергија за греење во зимскиот период, кога според стручната студија на д-р Петар Николовски, станарите тука за стан од 50 м², наместо досегашните 7.500 ќе плаќаат месечна сметка за греење на струја од само 1.250 денари.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите