05 Декември, 2025
0.0411

Градежните компании немаат специјализиран кадар за енергетска ефикасност

Објавено во: Македонија 13 Мај, 2013 15:00

Добивај вести на Viber

Најголем дел од градежните компании во Македонија немаат кадар што е специјализиран за енергетска ефикасност. Анкетата спроведена меѓу компаниите од овој сектор покажува дека 67 отсто од нив немаат луѓе за оваа намена.

На денешната прес-конференција во Стопанската комора на Македонија беше истакнато дека во Македонија има четири и пол илјади компании во градежниот сектор, но оти во ниедна од нив не постои специјализација за енергетска ефикасност и за обновливи извори на енергија.

- Анкетата што беше направена меѓу градежните компании покажа дека 67 отсто од нив немаaт кадар што е специјализиран за енергетска ефикасност, истакна Јадранка Аризанкова. Ова, според неа, покажува дека треба да се дефинираат кадрите што натаму треба да бидат обучувани.

Од Комората оценуваат дека доколку се применат препораките за примена на мерки за воведување енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, ќе се зголеми побарувачката на работна сила за минимум 10 илјади работници, а максимум за 14.400 работници.

- Според податоците на Агенцијата за вработување во овој сектор има 12.978 невработени лица, од кои 876 се поврзани со високоградба. Иницијативата на ЕУ за подобрување на енергетската ефикасност во градежниот сектор има цел да ја дефинира постојната состојба и да даде патоказ за дополнителни квалификации на занимања во градежниството, рече Ирена Боцевска од Стопанската комора.

За воведување на мерките на енергетска ефикасност, според проекциите за остварување на енергетските цели во секторот високоградба, потребно е обука на минимум 9.600 работници во 23 градежни занимања.

Се планира пет нови професии да влезат во националната квалификација на професии како клучни во градежниот сектор, кој во моментот недостигаат и во кои треба да се спроведат обуки.

До 2018 година Македонија треба да направи заштеда на енергија од девет проценти во споредба со потрошувачката во 2002 - 2006. Според Стратегијата за развој на енергијата до 2030 година, пак, овој процент треба да изнесува 14,5  проценти.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите