06 Декември, 2025
0.0695

Градежниците бараат нова формула за спас на владиниот проект „Купи куќа, купи стан“

Објавено во: Економија 23 Јануари, 2013 07:30

Добивај вести на Viber

Дел од приватните градежни компании наскоро ќе излезат со предлог до Владата за промена на моделот по кој се одобруваат субвенционираните станбени кредити. Високата цена на становите и  нискиот животен стандард на граѓаните најверојатно се клучниот проблем зошто и по една година од воведување на проектот, одобрени се само 110 кредити. За споредба, во Србија, субвенционираните станбени кредити доживеаја висински бум за кратко време, а придонесоа и за развојот на пазарот на недвижности. Лани за само една година, банките таму одобриле 900 субвенционирани кредити. За да се најде успешна формула, неколку градежни компании предлагаат Владата да застане во улога на жирант на кредитобарателите, при што, во услови да не се исплаќа кредитот, државата да го задржи станот и да го пренамени за социјално ранливите категории, наместо да гради нови такви станови. Другиот предлог е со јавно приватно партнерство да се градат станови кои ќе се продаваат со пониска цена и ќе се вклопуваат во проектот, кој налага, да се субвенционираат само станови со цена до 900 евра за метар квадратен. Градежните компании одамна бараат Владата да не бара строго субвенционирање на станови до одредена цена.

 „Ние воопшто и немаме продадено стан преку овој проект најверојатно заради тоа што имаме изградено станови во Центар и Аеродром каде што цените се повисоки од 900 евра за метар квадратен“, вели Салим Хасани, директор на градежната компанија Модинг.

Градежниците кои сметаат дека цената на становите е клучната причина за слабата реализација на проектот, велат дека, при определување на цената за субвенционирање, неопходна е поделба на општините.

„Ние уште кога излезе проектот предложивме неколку идеи меѓу кои и таа, да се изолираат зоните, на пример во Центар нека се бара цената да станот да биде и до 1200 евра за метар квадратен, а во Струмица да биде и до 700 евра, затоа што во Скопје, се уште е тешко да се најде стан со цена 900 евра по квадратен метар со платен ДДВ, освен на периферијата. Во другите градови, секако, становите се поевтини, но прашање е колку таму се гради и колку има интерес кај граѓаните да живеат во стан“, вели Никола Велковски, претседател на градежната комора при Стопанската комора на Македонија.

Банките декларативно го поддржуваат проектот? Дел од градежниците кои се актуелни со станбена изградба, вината за неуспехот на проектот делумно ја префрлаат и кај банките за кои тврдат дека само декларативно го поддржуваат проектот. Одобрувале станбени кредити, но надвор од владиниот проект. „Полесно им е да одобруваат кредити со повисоки камати, одобруваат нешто од субвенционираните станбени кредити кои се со повластени стапки а многу повеќе регуларни кредити“, коментираат градежниците. Субвенционираните станбени кредити досега не се покажаа доволно атрактивни за граѓаните. Во услови кога многу млади лица и брачни парови се уште немаат сопствен дом, зачудува фактот што за една година одобрени се само 110 субвенционирани станбени кредити со вкупна вредност од 3,5 милиони евра, од кои Владата субвенционирала 640 илјади евра. Во ланскиот буџет за проектот беа предвидени 4 милиони евра кои требаше да бидат доволни за субвенционирање на околу 2.500 барања на граѓани.

Рокот за аплицирање сепак продолжува и годинава. Ќе бидат објавени четири јавни повици кои завршуваат на 31 мај. Условите засега остануваат исти. Барателите на кредитот да немаат примања поголеми од 900 евра месечно, цената на недвижноста да не биде над 900 евра метар квадратен, а кредитот да не надминува 50.000 евра. Каматната стапка е повластена, односно 4,99 проценти во првите три години, и 5,5 проценти во четвртата и петтата година..

С.Ј.Н

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?