Добивај вести на Viber
Вкупната вредност на договорените градежни работи во странство во периодот јануари-декември 2012 година, изнесува 5,345 милијарди денари (86,9 милиони евра), што е за 111,8 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година, извести државната статистика.
Во овој период, во странство градежната оператива од Република Македонија извршила градежни работи во вкупна вредност од 928 милиони денари што е за 59 отсто помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Минатата година е зголемен обем на извршените градежни работи во Италија и Холандија, додека на другите пазари е регистриран намален обем. Како нови пазари се јавуваат Босна и Херцеговина, Швајцарија и Србија.